Шведска лекарка ја врати Нобеловата награда поради Хандке

Шведската лекарка и писателка Кристина Доктаре изјави дека ќе ја врати наградата во знак на протест поради доделување на Нобеловата награда за литература на австрискиот писател Петер Хандке.

Шведската лекарка и писателка Кристина Доктаре, која ја доби Нобеловата награда за мир во 1988 година како членка на мировните сили на ОН, изјави дека ќе ја врати наградата во знак на протест поради доделување на Нобеловата награда за литература на австрискиот писател Петер Хандке.

Но, на сајтот на Нобеловиот комитет меѓу имињата на добитници на Нобеловата награда за мир за 1988 година го нема името на шведската докторка Кристина Доктаре.

Имено, наградата како колектив ја добиле сите припадници на мировните сили на ОН од 19048 до 1988 година, што вкупно е повеќе од 500 000 луѓе од 53 земји од светот.

Швеѓанката како лекарка на Обединетите нации во 1992 година прва проговори за систематските силувања за време на војната во Босна и Херцеговина и укажала што се случува.

Синоќа таа се обрати пред стотици лица собрани во Стокхолм во знак на протест против одлуката на Шведската академија да го врачи признанието на Австриецот, кој за време на војните во поранешна Југославија го поддржуваше режимот на Слободан Милошевиќ и кој отворено негира дека во сребреница се случил геноцид.

Насобраните гласно и аплаудираа и го извикуваа нејзиното име.

Таа се присети на војните на Балканот, од каде известувала и укажувала на злосторствата кои се случуваат.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер