Здравствените придобивки се бројни.
Млекото е богато со хранливи материи и може да биде дел од здравата исхрана. Се препорачува секојдневно консумирање млеко, освен ако имате интолеранција на лактоза, алергија или се храните вегански. „USDA MiPlate“ препорачува возрасните да консумираат три порции млечни производи дневно, а децата две до две и пол порции дневно. Нутритивниот профил на чаша млеко со намалена содржина на масти или 2%, според „USDA“ содржи 122 калории, 8,2 g протеини, 4,7 g вкупни масти, 12 g јаглехидрати и повеќе од 300 mg калциум.
Како да изберете најздраво млеко
Изборот на млекото зависи од индивидуалните нутритивни потреби и вкусот. Кога купувате, треба да ја прочитате етикетата со нутритивни вредности и посебно да ја проверите количината на масти, протеини и шеќер за да изберете производ во согласност со вашите здравствени потреби.
Здравствени придобивки од млекото
Млекото има бројни здравствени придобивки, тоа е добро за здравјето на коските, за контрола на тежината, како поткрепа на здравјето на срцето, за намалување на ризикот од деменција, подобрување на имунитетот и подобрување на расположението. Сепак, постојат и неколку контроверзни аспекти поврзани со потрошувачката на млеко.
Билното млеко како алтернатива
Многу луѓе консумираат млеко од растително потекло од различни причини, веганска исхрана, загриженост за животната средина и здравствени причини. Изборот на млеко од растително потекло, на пример, бадемово, кокосово, соино или овесно, зависи од индивидувалните потреби и преференции, но се препорачува тоа да не е засладено.