Што се случува со организмот ако секој ден пиеме чај? Постојат три несакани ефекти

Многу луѓе уживаат во пиењето чај и од тоа прават вистински мал ритуал.

Традицијата на пиење чај не е поврзана само со Кина и Велика Британија, чајот после водата е вториот најконсумиран напиток во светот. Чајот има бројни придобивки, а доколку го консумирате секојдневно, првите промени ќе ги забележите по една недела.

Подобрување на здравјето на срцето и крвниот притисок

Една од најважните придобивки од редовното консумирање чај е подобрување на здравјето на кардиоваскуларниот систем. Според студиите, чајот, особено зелениот и црниот, е богат со флаван-3-оли, природни соединенија кои помагаат во регулирањето на крвниот притисок. Две шолји чај дневно може значително да го намалат крвниот притисок и ризикот од срцеви заболувања.

Намалување на ризикот од одредени видови на рак

Редовното пиење чај може да обезбеди заштита од одредени видови канцер, особено од карцином на усната шуплина. Полифенолите присутни во чајот делуваат како моќни антиоксиданси кои можат да ги неутрализираат слободните радикали, спречувајќи оштетување на клетките и инхибирање на растот на канцерогените клетки.

Подобрување на вниманието и концентрацијата

Зелениот чај содржи аминокиселина Л-теанин, која заедно со кофеинот може да го подобри вниманието и концентрацијата. За разлика од кафето, ефектот е поблаг и подолготраен, што овозможува да се постигне состојба на будност без чувство на вознемиреност или нервоза.

Зајакнување на имунолошкиот систем

Полифенолите присутни во зелениот и црниот чај помагаат во зајакнувањето на имунолошкиот систем. Редовното пиење чај може да ја зголеми отпорноста на организмот на инфекции и да му помогне на телото да се бори против воспалителните процеси.

Намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања

Пиењето две или повеќе шолји црн чај дневно може значително да го намали ризикот од смрт поради кардиоваскуларни болести, мозочен удар или исхемиски болести на срцето.

Оваа заштитна улога на чајот е поврзана со неговата способност да ја подобри циркулацијата и да го намали воспалението во телото.

Потенцијални несакани ефекти од пиењето чај

Иако чајот дава бројни здравствени придобивки, тој има и несакани влијанија.

Промена на бојата на забите: Црниот чај може да предизвика промена на бојата на забите поради високата содржина на танини. Додавањето малку млеко во чајот може да го намали овој ефект.

Проблеми со спиењето: Ако сте осетливи на кофеин, чаевите со висока содржина на кофеин може да го попречат квалитетот на спиењето. Во овој случај, се препорачува пиење на билни чаеви кои не содржат кофеин.

Апсорпција на железо: Танините и оксалатите во чајот можат да ја намалат апсорпцијата на железо од храната. Ако имате ниско ниво на железо, пијте чај помеѓу оброците наместо за време на оброците.

Чајот е одлично средство за смирување, но и зајакнување на целиот организам. Сепак, не треба да претерувате со него, пренесува eatingwell.com.

Мноштвото дезинформации нема да влијаат на претседателските избори во САД

Директорката на американската Агенција за кибер и инфраструктурна безбедност (CISA) Џен Истерли вчера изјави дека нејзиниот оддел нема докази за каква било активност што може директно да влијае врз исходот на изборите.

Директорката на американската Агенција за кибер и инфраструктурна безбедност (CISA) Џен Истерли вчера изјави дека нејзиниот оддел нема докази за каква било активност што може директно да влијае врз исходот на изборите, и покрај поплавата од дезинформации.

Таа додаде дека изборите во 2024 година се обележани со „невиден број на дезинформации“ од странски противници.

Американските агенции предупредија дека Русија и другите актери имаат намера да шират приказни за поделби пред изборите, обвинение што Русија го негираше.

Високата функционерка на ЦИСА рече дека постои голема веројатност странските дезинформации да продолжат со недели и месеци по изборите.

Истерли додаде дека „изборната инфраструктура никогаш не била посигурна и подобро подготвена да спроведе безбедни, слободни и фер избори“.

Пентагон тврди дека во Русија има 12.000 севернокорејски војници

 САД проценуваат дека има околу 12.000 севернокорејски војници во Русија, од кои 10.000 се во регионот Курск.

- Доколку овие војници се вклучат во операции за борбена поддршка против Украина, тие би станале легитимни воени цели, рече портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер, повторувајќи ги коментарите дадени минатата недела од страна на министерот за одбрана Лојд Остин.

Тој рече дека Пентагон „ги разгледува“ извештаите за наводните борбени операции на Северна Кореја.

Војниците од Пјонгјанг пристигнаа во Русија минатиот месец, соопштија официјални лица. Московските сили ги обучувале за пешадиска и артилериска тактика, расчистување ровови и ракување со дронови, соопштија САД. Русите им обезбедиле на севернокорејските војници и руски униформи и опрема.

- Сите индикации се дека тие ќе обезбедат некаков тип на борба или поддршка за борбена способност, рече Рајдер во изјавата.

- Целосно би очекувале Украинците да го направат она што треба да го направат за да се одбранат себеси и својот персонал, додаде тој.

Портпаролот на Пентагон укажа на неодамнешните коментари на Остин, во кои секретарот за одбрана рече дека севернокорејските сили би можеле да се искористат „за да ги заменат огромните загуби што ги претрпува Русија“.

- Мислам дека тоа е веројатно точна проценка и сигурно не би сакал да бидам севернокорејски војник таму, рече Рајдер.

Српскиот премиер ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво Горан Весиќ

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ .

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ и додаде дека не се сомнева оти министерот не е субјективно виновен за тоа што се случи во Нови Сад.

Вучевиќ за Радио телевизија на Србија изјави дека одлуката на Горан Весиќ е чин на сериозен човек, кој е свесен дека кога извршува важна функција го има и товарот на одговорност.

-Не се сомневам дека Горан Весиќ субјективно не е виновен за ништо што се случи на 1 ноември во Нови Сад, рече Вучевиќ и додаде дека Весиќ е објективно одговорен бидејќи тој раководи со тој оддел.

„Јас ќе, а имавме и неколку телефонски разговори претходните денови, ќе ја прифатам неговата оставка со благодарност за се што направи за време на мандатот на оваа и на претходната влада. Не можам да кажам дека не си ја завршил добро работата, но во политиката има одговорност за работи за кои вие лично не сте виновни. Јас ја разбрав неговата порака и оставка“, рече Вучевиќ.

Премиерот додаде дека би било нелогично се да заврши со оставка на министерот Горан Весиќ.

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ синоќа најави дека ќе поднесе оставка, по падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени.

притисни ентер