Што се случи со Хилари Клинтон во Индија? (ВИДЕО)

Поранешниот државен секретар на САД , Хилари Клинтон имаше инцидент во Индија.

Хилари Клинтон која само пред неколку месеци го скрши прстот на ногата по пад во Лондон , за малку ќе настрадаше и во Индија . 70 – годишната политичарка , при посетата во Индија каде ја промовираше својата книга "What Happened" , се сопна на скалила и за малку ќе паднеше.
Инцидентот се случи во палатата Џахај Махал во градот Манду , каде притрчаа телохранителите и ја спасија од посериозна повреда. Откако и по втор пат се лизна на камените скалила сфати дека е сериозно и ги соблече сандалите за да продолжи д аоди боса.
Видеото за само еден ден стана хит на социјалните мрежи .

Ова не е прв пат Хилари Клинтон да има слични инциденти . Пред падот во Лондон минатата година , кога се сопна од високите потпетици , на два пати падна додека се качуваше во авион , еднаш во Јужна , вториот пат во Северна Кариолина.

Најсериозно с еповреди во 2013 кога падна во нејзиниот дом во Вашингтон кога доби потрес на мозокот .

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер