Што е Винил хлоридот складиран во „ОХИС“?

Токсичните закани кои демнат од фабриката ОХИС веќе четврти ден ги вознемируваат граѓаните на Скопје.

По инцидентот со излевањето на цистерната во дворот во која што претходно бил складиран отровниот Метил Акрилат Мономер јавноста дозна дека оваа фабрика крие и уште поопасен отров - винил-хлорид сместен во стара цистерна која претставува темпирана бомба, тврдат експертите за хемија.

Винил хлоридот, објаснува професорот од Институтот за хемија Јане Богданов, има реакција со воздух, светлина или при контакт со метали, и ако малку се изгуби контрола веднаш доаѓа до пожар или екполизија. Исклучително штетна е за здравјето на луѓето со високо канцерогени својства.

За безбедно отстранување на опасната хемикалија едно од најдобрите решенија според професорот Богданов е стручни лица постепено да ја третираат и со хемиски реакции да ја претворат во пластика, за што и примарно се употребува винил хлоридот.

Надлежните, од друга страна, тврдат дека и натаму бараат решение за отровот во ОХИС. Скопскиот градоначалник Шилегов уверува дека иако примарната надлежност и одговорност ја има државата, Градот заедно со Министерството за животна средина преземаат чекори што е можно побрзо да се исчисти земјиштето од разните видови отрови распослани во дворот на фабриката за да не дојде до еколошка катастрофа.

Во меѓувреме, се уште се испитува еко-инцидентот во „ОХИС“ од петокот кога во кругот на фабриката истече контаминираната вода од цистерна со високо токсична материја, прецизираат надлежните. Тврдат опасните хемикалии се под надзор, но потребен е елаборат за нивниот состав за да почне постапката за нивно дислоцирање.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер