Штип го чека одобрението за изградба на брана на река Отиња

Капиталниот проект за Штип брана на река Отиња сепак ќе се реализира. 

Изградбата на вештачката акумулација над градот Штип ќе стартува оваа година, но со намалени средства имајќи ја предвид пандемијата и кратењето на буџетските средства за капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски, посочи градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Министерството за транспорт и врски за изградбата на браната за оваа година имаше издвоено 200 милиони денари.

– Јас немам информации колку средства се скратени во овој момент за изградбата на овој проект. Но, важно е да има една стартна сума на пари којашто ќе можеме да ја започнеме во 2020, еден дел од нив да се потрошат, реализираат. Така што за нас во овој момент многу е важно да го добиеме одобрението за градење, да се распише тендерот, да биде успешен и да ја воведеме во работа фирмата. До крајот на годината сигурно неможат да се реализираат толкава сума на пари, но важно е да започне и да реализираме што е можно повеќе, вели Бочварски.

Тој очекува веќе 2021 година со поголемо темпо да се гради браната на река Отиња, за штипскиот градоначалник важно е да се почне изградбата.

– Ова се нови моменти, нови времиња, коишто не се предвидливи и токму поради тоа неможеме да форсираме некаква брза изградба или голема реализација во текот на оваа година, но важно е да опстоиме на проектот и да сите се согласиме дека тој и во едно вакво време треба да продолжиме да го буткаме и да го реализираме, рече Бочварски.

Во тек е постпката за добивање на градежната дозвола за изградба на брана на река Отиња. Бочварски вели дека забелешките кои ги имале од Министерството за транспорт и врски се отсранети, а деновиве ќе работат на забелешките од ИЗИС.

-Кога ќе бидат завршени и забелешките во однос на барањето на ИЗИС повторно ќе биде аплициран проектот за одобрение за градење во Министерството за транспорт и врски, со што ќе очекуваме одобрение за градење и потоа и распишување на тендерот, јавната набавка, вели Бочварски.

Овој капитален проект, кој штипјани го чекаат со децении ќе чини околу 7,5 милиони евра, а се очекува изградбата да трае од две до две и пол години. Средствата се обезбедуваат од буџетот на Република Македонија. /МИА

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер