Шпанија не дозволи брод со оружје за Израел да се закотви во Картагена

Шпанија не дозволи брод што носи оружје за Израел да се закотви во југоисточното пристаниште Картагена, изјави синоќа министерот за надворешни работи Хозе Мануел Албарес.

Тој потврди дека бродот „Мариана Даница“ (Marianne Danica) кој превезува оружје во Израел побарал дозвола да се закотви во Картагена на 21 мај.

Албарес истакна дека забраната за шпанските пристаништа е во согласност со политиката на Мадрид да не го извезува своето оружје во Израел од почетокот на војната во Појасот Газа.

- Одбивме да дадеме дозвола за закотвување и тоа ќе биде конзистентна политика со секој брод што превезува израелско оружје, а сака да се закотви во шпански пристаништа, посочи Албарес.

Додека шпанскиот весник „Ел Паис“ објави дека бродот превезува речиси 27 тони експлозивен материјал од Мадрас, Индија.

Анкета: Бени Ганц би го победил Нетанјаху доколку изборите во Израел се одржат денеска

 Претседателот на Партијата за национално единство Бени Ганц би го победил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку изборите се одржат денеска, покажува анкетата објавена неколку дена откако партијата на Ганц се повлече од владата.

Според таа анкета, Ганц би освоил 41 отсто од гласовите, додека 35 отсто од гласовите би му припаднале на Нетанјаху, пренесува Тајмс оф Израел.

Рчиси половина од испитаниците, 42 отсто од нив, изјавиле дека би го поддржале Ганц како нов лидер, а претседателoт на десничарската партија Израел е нашиот дом, Авигдор Либерман, според анкетата има само два отсто повеќе гласови отколку Нетанјаху./МИА

Мицотакис направи реконструкција на Владата

Герапетритис останува министер за надворешни работи.

Промени на министерските позиции и на нивните заменици во неколку Министерствата, како што се она за развој, за земјоделство, за внатрешни работи, за миграција и азил, за труд, направи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис претпладнево го соопшти новиот владин состав, а доколку се направи споредба со претходниот состав, непроменети на нивните позиции остануваат министрите за надворешни работи, за одбрана, за економија и финансии, за климатски кризи и цивилна заштита, за образование, за заштита на граѓаните, за здравство, за транспорт и инфраструктура, за животна средина и енергетика, за правда, за култура, за поморство, за туризам, за дигитално управување.

Новите членови на Владата попладнево ќе положат свечена заклетва, додека пак утре наутро ќе се одржи владината седница што првично беше закажана за денеска, меѓутоа се одложи поради реконструкцијата.

Промената во Владата доаѓаат по европските избори во неделата на кои Нова демократија победи со 28,3 отсто од гласовите, но владејачката партија не ја постигна поставената цел, односно 33 отсто што беше резултатот од претходните евроизбори, а грчкиот премиер Киријакос Мицотакис тогаш рече дека пораката од граѓаните била „имаме доверба во вас, но потрудете се повеќе“. /МИА

Милошоски, Митревски и Бендевска кандидати за потпретседатели на Собранието

Седум поранешни пратеници добија апанажа

Пратениците Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митревски од СДСМ и Весна Бендевска од ЗНАМ се кандидатите за потпретседатели на Собранието на Република Македонија кои денеска ги утврди Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

На денешната седница, со еден глас против, Комисијата го донесе и решението за добивање на апанажа на поранешните пратеници Арбен Зибери, Љатифе Шиковска, Енес Ибраим, Снежана Калевска Ванчевска, Бастри Бајрами, Вјолца Адеми и Бедри Фазли.

Беше прифатено и барањето за остварување на отпремнина при заминување во пензија од поранешните пратеници Коле Чаракчиев, Стојан Миланов и Панчо Минов.

Комисијата го усвои и барањето за остварување на плата по престанок на функцијата член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија на членот Арбен Исаку.

Со мнозинство гласови, денеска беше утврдена и Предлог - одлука за изменување и дополнување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија

Под точката разно, претседателот на Комисијата, пратеникот Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ, ги информираше членовите дека потпишал решенија за плата на сегашните пратеници на кои што Собранието им го верификувало мандатот, на координатори на пратенички групи, на избрани претседатели на работни тела, на новиот претседател на Уставен суд, Дарко Костадиновски, како и на поранешна претседателка на судот, Добрила Кацарска.

притисни ентер