Шокантни сведоштва: Медиумско-политичка банда изнудува пари од бизнисмени

Постои ли опасна медиумско-политичка банда, која изнудува пари за рекламирање.. Секојденвено се споменуваат примери и нови сведоштва за кои досега нема докази, но според некои информации постојат и аудио и видео снимки.

Во новинарските и политичките кулоари деновиве тема број еден се информациите за постоење на спрега составена од една телевизија и функционери кои со закани и уцени изнудуваат пари од бизнисмени. За еден таков случај во својата последна колумна пишува и новинарот Бранко Геровски. Случката била во хотел во еден туристички центар, а на средбата присуствувале сопственик на хотелот кој бил и политички истакнат, потоа двајца членови на раководството на неговата партија, сопственикот и уредникот на медиумот како и бизнисменот жртва на изнудата. Од него било побарано да склучи годишен договор за рекламирање, а тој откако ги ислушал изразил подготвеност да одвои четири до пет илјади евра. Но, на ова жестоко реагирал сопственикот на медиумот во текстот наречен со псевдонимот Коки, име за кое Геровски пишува дека совршено би му одговарало.

-“ Штоооооо?!!! – Што е ова вие со мене ли ќе се зафркавате ? Јас за годишен договор не разговарам за сума под двесте илјади евра! “ – извикал сопственикот на медиумот.

Оваа приказна според пишувањето на Геровски се завршила добро за жртвата, но вели дека има многу кои ја платиле бараната сума.

- “ Велат дека ова „двесте илјади евра“ овој познат лик го има изговорено во повеќе слични прилики, со истиот бесен, пискав и феминизиран тон. “ пишува во текстот.

За овие информации во синоќешното интервју на “Топ тема” беше прашан и лидерот на опозицијата Мицкоски.

“ Има написи дека постои група одредена блиска до власта која рекетира сопственици бизнисмени газди на хотели заедно со одреден медиум, тоа се шпекулации, но дали вие како опозиција имате такви сознанија, сте работеле на таква истрага и дали нешто сте дознале во врска со тоа?

- Еве ќе ве потсетам, јас прв го отворив сомнежот, на една ваква дебата, со еден новинар, на една телевизија.

Дали вие знаете за што се работи?

-Замислете на ден пред изборите по допрен глас ДКСК отвори истраги за мене , за овој за оној , итн, а никако по допрен глас да отвори истрага за ова, еве што не отворат истрага, што не отвори Јавното обвинителство истрага по допрен глас истарга.

За што всушност се работи за каква спрега?

- Сега, како да Ви кажам би бил несериозен да навлегувам во подлабинско коментирање на ова кое навистина ќе биде срам за македонската држава кога ќе се објави.“

Мицкоски во интервјуто за кое говори постави јавно прашање дали е точно дека има медиуми кои делат дел од платата на рака , а сомнежи дека еден медиум се злоупотребува за изнуда на спонзорства кажа во изјавата даденапос средбата со коалиционите партнери на 13ти март.

“ Јас имам индиции дека близок роднина на специјалната јавна обвинителка е дел од менаџментот на една телевизија и се користи нејзината позиција во комуникација на потенцијални спонзори на таа телевизија.”

Канал 5 се обрати до МВР и до Основното јавно обвинителство, но од таму за сега нема информации за одредена постапка.

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

Фатена чудна кинеска банда: Фалсификувале монети од две евра?!

Чудна банда кинески фалсификатори е фатена во Шпанија, која правела лажни монети од две евра.

Ова е чудна идеја на фалсификаторите бидејќи во Европската Унија најчесто се фалсификуваат банкноти од 50 и 20 евра, што е и логично - тие се најобични банкноти, и има многу мали шанси некој да ги земе под микроскоп. од банкноти од 100 или 200 евра, пренесува Дојче веле.

Со помош на Европол, шпанската полиција во Толедо разби синџир фалсификатори на пари кои фалсификувале половина милион „висококвалитетни“монети од две евра.

Полициската акција е опишана како „најважната“ против фалсификувањето на пари во Европа во последните 10 години.

Уапсени се 10 кинески државјани, а шпанската полиција соопшти дека ги бркала шест години. Се вели дека монетите се исклучително тешки за следење.

Монетите немаат холограми и безбедносни печати како хартиените пари. Но, повторно имаат доволно карактеристики што тешко се копираат.

Во Италија тврдат: Димитријевиќ ќе биде ново засилување на Олимпија Милано

Познатиот италијански новинар Андреа Калцони во ексклузивна вест денеска вели дека нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

– Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер, објави новинарот на социјалните мрежи.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, а сезонава во регуларниот дел заврши на 12-тото место.

Популарниот Нено сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната.

притисни ентер