Фудбалската репрезентација на Бразил не успеа да се пласира на Олимписките игри во Париз, бидејќи синоќа беше поразена од аргентинската репрезентација со резултат 1:0 во натпреварот од последното, трето коло од јужноамериканските квалификации за Олимписките игри.
Стрелец на единствениот гол за аргентинската репрезентација беше Лучијано Гонда во 77. минута. Репрезентацијата на Аргентина, играчи до 23 години, ја предводи Хавиер Маскерано.
Во вториот натпревар од третото коло Парагвај ја совлада Венецуела со 2:0.
Првото место на табелата го освои Парагвај со седум бодови, додека Аргентина е втора со пет. Овие две селекции ќе играат на Олимписките игри во Париз. Бразил заврши на третото место во поредокот со три бода, додека Венецуела беше последна со еден бод.
Ова е првпат по 2004 година репрезентацијата на Бразил да не успее да се пласира на Олимписките игри.
Бразилскиот тим го освои златниот медал на Олимпијадата во Рио де Жанеиро во 2016 година, како и на Олимпијадата во Токио во 2021 година.
Аргентина беше олимписки шампион во 2004 година во Атина и 2008 година во Пекинг.
Досега на Олимпијадата во Париз се пласираа фудбалските селекции на Аргентина, Парагвај, Франција, Соединетите Американски Држави, Доминиканската Република, Шпанија, Израел, Украина, Мароко, Египет, Мали и Нов Зеланд.