Ширум Европа квалификациски дуели за ракометното ЕП

Во седумте групи денеска и утре ќе се играат натпревари од 3.коло во квалификациите за евро-шампионатот 2016 во ракомет.

Распоред на двојките и табелите:

Група 6: Македонија – Франција и Швајцарија – Чешка.
Табела: Франција 4 бодови, Македонија 3, Чешка 1, Швајцарија 0.
Група 1: Турција – Холандија и Норвешка – Хрватска.
Табела: Хрватска 4, Норвешка 4, Турција 0, Холандија 0.
Група 2: Белорусија – Данска и БиХ – Литванија (двата дуела се играат утре).
Табела: Данска 4, Белорусија 3, БиХ 1, Литванија 0.
Група 3: Шведска – Словенија и Летонија – Словачка.
Табела: Шведска 4, Словенија 4, Словачка 0, Летонија 0.
Група 4: Исланд – Србија и Израел – Црна Гора (утре).
Табела: Србија 4, Исланд 2, Црна Гора 2, Израел 0.
Група 5: Украина – Португалија и Русија – Унгарија (двата дуела се играат утре).
Табела: Унгарија 4, Русија 2, Португалија 0, Украина 0.
Група 7: Германија – Шпанија и Финска – Австрија.
Табела: Шпанија 4, Германија 4, Австрија 0, Финска 0.

Натпреварите од следното четврто коло се играат во текот на викендот 2 и 3 мај.

Честитка по повод празникот Воскресение Христово - Велигден од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес.

Честитка по повод празникот Воскресение Христово - Велигден од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение - Велигден, на сите верници.

Христовото Воскресение му покажа на човекот колку Бог го сака, и дека беше спремен да биде распнат за спасението на човештвото. Љубовта на Бога кон човека е неизмерна.

Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи, човековата волја, љубов и верба можат да допринесат за поубав свет.

Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес. Промените кои доаѓаат да ги запечатиме со силна победа, за догодина да славиме Велигден со многу поголеми насмевки на задоволство како нација.

Христос Воскресе! За многу години Велигден!

Со почит,

Христијан Мицкоски

претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук

Министерството за внатрешни работи на Русија синоќа распиша потерница за командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук.

Министерството вчера распиша потерница и по претседателот на Украина, Володимир Зеленски и поранешниот претседател, Петро Порошенко.

По Пављук е распишана потерница поради „кривично дело“, но не е прецизирано за кое кривично дело, јавија руските медиуми.

На 11 февруари, Пављук беше назначен за командант на копнената армија, а пред тоа беше прв заменик - министер за одбрана на Украина.

Претежно сончево и потопло

 Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево и потопло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степен.

Утре времето ќе биде претежно сончево и топло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер.

притисни ентер