Шилегов: Секој поединец е должен да придонесе во борбата против аерозагадувањето

Борбата против аерозагадувањето мора да биде општествена, да се води низ институциите, но и секој од нас поединечно е должен да даде свој придонес.

Ова го изјави денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на НВО Отворениот ден за иницијативи на граѓанските организации во насока на консултација околу Програмата против аерозагадување 2020, што се одржа во Владата.

– Го формиравме акционерското друштво „Градски енергетски системи" чија примарна дејност е затоплувањето на домовите на скопјани и решавањето на правните, формалните проблеми. Конечно Градот се доведува во правна позиција, може да биде барател за носител на лиценца. На седницата на Советот на Град Скопје во текот на утрешниот ден ќе ги завршиме сите одлуки со цел градот да ја преземе топловодната мрежа и да се доведеме во позиција како град да бидеме фактор во енергетската политика и да можеме на граѓаните на Скопје да им понудиме социјални пакети, бенефити за приклучување кон топловодната мрежа. Градот продолжува со акцијата на субвенционирање на еко печки, рече Шилегов.

Тој потсети дека годинава го решиле и проблемот со депонијата Дрисла и оти е зголемен инспекцискиот надзор, додавајќи дека ваквото поведение на градскиот инспекторат значи удвојување или утројување на бројот на изречените казни.

Шилегов информира дека во текот на наредната недела Градот ќе го потпише договорот за набавките на нови еколошки автобуси.

– Завршена е постапката, очекувам дека некаде до средината на следната година тие автобуси ќе бидат дел од јавниот транспорт и очекувам дека во многу брза иднина со помош од Владата ќе ја објавиме целосната реформа на јавниот транспорт во нашиот град. Императивот што јас го имам до 2021 година е Скопје да биде прогласен за велосипедски град, вели Шилегов.

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули вели дека буџетот од оваа година е потрошен во инвестиции за замена на печки во 16 општини, во градинки, основни училишта, и во енергетска ефикасност.

Тој појасни дека секој граѓанин кој ќе сака да добие сто отстотна субвенција за замена на печката на дрво со високоефикасен инвертор ќе потпише договор со општината каде што живее и ќе се обврзе дека ќе го даде грејното тело кое го користи и кое е на дрва и на сметка на тоа ќе користи високо ефикасен инвертор и оти предност ќе имаат најранливите семејства.

Претставничката на „Еко Свест", Ана Чоловиќ смета дека власта била доста амбициозна кога велела дека за многу брзо ќе ги видиме ефектите од планот за чист воздух.

– Мора да сме свесни дека борбата со аерозагадувањето не е нешто што се решава за кратко време и не е нешто што може да бидеме сигурни дека ќе го решиме со две, три мерки или два плана. Ова е долга борба и не чека многу долгорочни напори и долгорочна посветеност на сите институции. Кога велам сите инстиуции, во интерсекторската работна група за аерозагадување членуваат голем број на министерства кои имаат свои ингеренции, мислам дека тие се уште не се свесни кои се тие ингеренции или дека можат многу да придонесат со својата активност на оваа тема, порача Чоловиќ.

Таа информира дека до МЖСПП поднеле иницијатива за изготвување на долгорочна стратегија за решавање на проблемот со аерозагадувањето.

– Она за што ние се залагаме е хоризонтално сите сектори да бидат опфатени во планот за чист воздух, да има мерки за сите сектори, ако велиме дека ќе работиме на индустрија што конкретно ќе работиме, бараме конкретизирање на детали и буџетски ставки за овие активности. Ние предложивме да се донесе долгорочна стратегија за управување со квалитетот на воздухот. Од името на еко свест сметам дека треба да почнеме дискусија на национално ниво за нашата трансформација како општество, комплетна трансформација на начинот на живот, вели Чоловиќ. /МИА

Тежок удар за Баерн пред натпреварот на сезоната против Реал Мадрид

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Рафаел Гереиро ќе го пропушти полуфиналниот реванш со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, соопштија од клубот.

Тој заработи повреда при поразот од Штутгарт со 3:1.

Португалскиот дефанзивец беше подложен на лекарски преглед, по што му беше констатирано повреда на коленото и вкрстените лигаменти.

Реваншот помеѓу Реал Мадрид и Баерн ќе се одигра во среда на 8 мај на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Првиот натпревар заврши 2:2.

Државниот и политичкиот врв со честитки за Велигден

Државниот и политичкиот врв упатија честитка до верниците по повод велигденските празници.

-Христовото воскресение нѐ ослободува од стравот од смртта, но и нѐ обврзува, наместо пасивни набљудувачи, да бидеме активни учесници во обновата,– стои во честитката од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова која беше во Соборниот храм порача дека нема поголем празник од Велигден.

Премиерот на техничката влада Талат Џафери пак во честитката вели:

-Велигденската порака за победата на животот над смртта е порака која влева надеж дека за животот, вреди да се преземе секој чекор на храброст и пожртвуваност.

-Да се спротивставиме на сите непогоди, да ги победиме искушенијата, да бидеме солидарни едни кон други и да ги отвориме нашите срца за безусловна љубов, сочувство и заедништво, Истакнува во честитката собранискиот спикер Јован Митрески.

Честитки по повод Велигден и од лидерите на партиите. Претседателот на СДСМ димитар ковачевски пишува:

-Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ – стои во честитката од лидерот на сдсм димитар ковачевски. Овие големи празници носат голема духовна сила, да ги празнуваме секогаш заедно, во радост и спокој.

Додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалните мрежи напиша:

-Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес.

Мицкоски верува дека ќе има мнозинство–Ковачевски обвинува дека така се загрозува ЕУ иднината

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски верува дека неговата партија е блиску до мнозинство во Парламентот и не би се изненадил ако освои 61 пратеник.

Во изјава за медиумите по завршување на литургијата во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ Мицкоски изрази уверување дека во среда тие ќе слават двојна победа и на претседателските и на парламентарните избори, без да даде конкретен одговор што би било неуспех за партијата на двојните избори.

-На сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори е блиску до мнозинство во парламентот. Не би се изненадил ако имаме 61 пратеник. За мене неуспехот не е неуспех. За мене е успех пред се она што се случи во првиот круг. Верувам дека во среда ќе имаме убедлива двојна победа, Гордана Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на Македонија, а коалицијата Твоја Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат 61 пратеник, изјави Мицкоски.

Неговиот политички ривал, лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, пак, од синоќешниот митинг во Македонски Брод порача дека доколку ВМРО-ДПМНЕ и Силјаноска ја добијат власта, европската иднина на државата ќе биде загрозена, а земјата изолирана. Ги потсети граѓаните дека изборот на 8 мај е во нивни раце и тие одлучуваат во каква Македонија сакаат да живеат.

-Слушнете ги само изјавите на Мицкоски и неговата кандидатка Силјановска и ќе ви стане јасно дека немаат никаква намера да ја водат државата кон ЕУ. Напротив, ќе нè изолираат, ќе нè затворат, ќе нè скараат и со соседите и со меѓународната заедница. Јас можам цврсто да ви гарантирам дека СДСМ никогаш нема да се откаже од европска Македонија и ќе работиме сè додека таа цел не стане реалност, порача Ковачевски.

Двојните избори ќе се одржат во среда. Ден претходно, е изборен молк, а изборната кампања завршува в понеделник на полноќ.

притисни ентер