Шилегов: Атмосферата на конгресот на СДСМ е демократска

СДСМ денеска го одржува 18 - от конгрес на кој делегатите треба да гласаат за доверба на актуелното раководство и телата на партијата, а најавен беше и извештај за претседателските и предвремените парламентарни избори. Според портпаролот на партијата Петре Пилегов, атмосферата на когресот, кој започна во 11 часот и се очекува да заврши доцна во ноќта, е демократска и фер.

Околу 23 дискутанти дадоа целосна поддршка на актуелното раководство, седум беа против. Досега 18 општински организации на СДСМ на ниво на извршни одбори недвосмислено изгласале доверба на сегашното раководство. Атмосферата е демократска, фер, дискусиите се темелни. Делегатите имаа можност во целост да си го искажат своето мислење, и оние кои се за останување на актуелното раководство и оние кои имаат намера да гласаат за недоверба на раководството, изјави Шилегов.

Од 707 делегати на конгресот, според информациите од опозициската партија, присутни се 590. Гласањето, кое најверојатно ќе се одржи доцна вечерва, ќе биде тајно. За да им биде изгласана доверба на лидерот на СДСМ Зоран Заев и на потпретседателката Радмила Шеќеринска потребно е тие да добијат мнозинство гласови.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

Танц парада и мини концерт во Струга по повод Светскиот ден на танцот

Со танц парада и мини концерт на отворено, под мотото „Струга танцува“ студиото за танц „Бах“ денеска по четврти пат ќе го одбележи Светскиот ден на танцот - 29 април.

Тања Бах, кореограф и идеен творец на студиото за танц информира дека членовите на „Бах“ ќе тргнат од центарот за култура „Браќа Миладиновци“, покрај кејот на реката Црн Дрим ќе продефилираат низ Струшката чаршија, а потоа ќе одржат концерт во Паркот на поезијата.

-Танц парадата е еден креативен начин да го одбележиме Светскиот ден на танцот. Парадата е нашиот придонес во културните настани во градот на мостовите. Ќе приредиме едно вистинско уживање за публиката и на за нас својствен начин ќе потсетиме за физичките и психичките придобивки од танцувањето, изјави Бах.

Во Паркот на поезијата, додаде, 100-тината членови на „Бах“ ќе ја продолжат танцовата традиција во Струга.

Светскиот ден на танцот за прв пат е прославен на 29 април 1982 годинаа, оттогаш, секоја година на овој ден ширум светот се читаат меѓународни и национални пораки за танцот. Оваа иницијатива ја покрена Меѓународниот одбор за танц на Меѓународниот инститиут за танц на УНЕСКО, а го избра денот според роденденот на зачетникот на модерниот балет и еден од најголемите танцови реформатори, Жан Жорж Новер. /МИА

притисни ентер