Шекеринска: Учеството во најмоќната воено-политичка алијанса е шанса за државата да профитира на безбедносен план

Речиси 30 години државата се обидува да исполни една своја стратешка цел, членството во НАТО, не само поради политички бенефит, туку поради тоа што како држава од поранешна Југославија, видовме колкава е цената на нестабилност, на војна, на конфликт. 

-И затоа учеството во најмоќната воено-политичка алијанса заедно со најмоќните и најбогатите е шанса за државата да профитира на безбедносен план.

Ова го изјави вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска во Куманово пред почетокот на дискусијата за придобивките и предизвиците од членството во НАТО организирана во рамки на НАТО Караванот „РСМ во НАТО: Политичко-безбедносни придобивки, ризици и предизвици". Таа посочи дека три децении инвестиравме во членство, меѓутоа три децении нашите напори останаа без резултат, а сега кога огромен број членки го ратификуваа Протоколот, нагласи, може да се каже дека сме го оствариле она што е стратешка цел.

-Тоа што пред две години изгледаше невозоможно, домашната криза, нападот во Собранието што не фрлија на страната на нестабилноста, членството во НАТО гарантира дека и економски и политички државата се стабилизирареше, истакна министерката.

Во дискусијата со кумановци, Шекеринска се осврна на сработеното, на реформите во одбраната, кои биле истакнати пред созјуниците како завршени обврски. Три години по ред, истакна, се зголемува буџетот за Армијата, за одбраната, се инвестира во луѓе, знаења, припадниците на Армијата добија прво 10 проценти покачување на платата, а сега уште пет проценти.

-Зголмување на приходи, реформи, но тоа се не само реформи за НАТО, туку се и домашни задачи, рече министерката.

Додаде дека 25 земји членки ја завршија ратификациската процедура и тоа беше брз процес, бидејќи, според не, можат да траат и до година и половина. Први го ратификуваа соседите што покажува, вели, дека Балканот учи од своето искуство, а минатата недела дури две земји членки.

-Тука може да споделам дека финалната фаза во американскиот законодавен дом започнува, кажа пред кумановци, министерката. Членството, рече, гарантира безбедност и стабилност на државата и не само тоа, туку и носи резултати на економски план, укажувајќи дека откако е добиена поканата за повеќе од четири пати се зголемени странските инвестиции, а за оваа година има 50.000 нови работни места.

-Посакуваме и очекувавме оваа година да биде, година на двоен успех, НАТО членство почеток на преговори со ЕУ. Пораката и резултатот од последната средба ви е позната. Тоа е разочарување за сите нас, но оптимист сум. Ја чувме негативната, но и позитивната порака – ниту една земја членка на ЕУ не можеше да најде аргумент против нас, дека не сме успеале нешто да завршиме, рече Шеќеринска и додаде дека нема откажување.

Според неа, НАТО членството ќе биде круна на заложбите да станеме дел од западниот и развиен свет.

Што се однесува до бројките министерката кажа дека до 2024 година секоја држава ќе мора да одвои два процента од БДП. Таа потенцираше дека до 2008 година, државата одвојувала 2,18 проценти од БДП за одбраната.

-Тоа не значи дека ги даваме парите во НАТО, туку си ги вложуваме кај нас, додаде министерката. Државата има академија каде се едуцираат питомци од други држави, полигон каде се вршат вежби, а за македонското небо се грижи членка на НАТО, Грција, нагласи Шекеринска.

Членството во НАТО, рече таа, е и паметна одбрана, а парите кои се одвојуваат ги спореди со одвојување 50 денари од секој граѓанин на годишно ниво за кафе.

-50 денари годишно од секој граѓанин е мала цена за сигурно небо и безбеден сон, нагласи министерката.

Со НАТО членството ќе се задржат и младите во македонската армија, рече министерката Шекеринска, која се осврна и на лажни вести кои произлегоа во врска со членството, а македонските компании ќе можат да учествуваат на тендери кои ќе ги објавува Алијансата.

Амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ, се осврна на приемот на таа земја во НАТО, истакнувајќи дека процесот траел околу година дена.

-Јасно е дека Северна Македонија веќе се третира како членака на НАТО, но техничките процедури мора да се завршат и се надевам дека тоа ќе биде до Лондонскиот самит. Евентуалното одложување на формализацијата на членството за некој месец или два, ќе биде резултат на објективни околности на кои никој не може да влијае како што е случајот со Шпанија и вонредните избори кои се закажани за ноември, но се надеваме дека набргу ќе ја дочекаме Северна Македонија како 30-та сојузничка, рече амабасадорката.

Покрај колективната одбрана, тука е и заштита на воздушниот простор, помош при непогоди, кризни ситуации за кои НАТО одвојува ресурси да помогне на својата членка, рече амбадароката. Предност е, потенцираше амбасадорката, и можноста да се аплицира за работи за воени и цивилни структури во НАТО. Во Црна Гора забележан е и раст на инвестиции, зголемен е бројот на туристи од земји членки на НАТО, има раст во индустриски зони, зголемени приходи во комапнии кои се занимаваат со шпедитерски услуги, софтверски компании./МИА

Зеленски во обраќањето по повод Велигден, ги повика Украинците да се обединат во молитвите

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска во обраќањето по повод Велигден, ги повика своите сонародници да се обединат во молитвите и да се молат еден за друг и за војниците на линијата на фронтот, велејќи дека Бог - кој го има „украинското знаме на рамениците“ - ќе направи животот да ја победи смртта.

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Стоејќи пред црквата „Света Софија“ во Киев, Зеленски истакна дека неговата земја веќе 802 дена се бори за победа против Русија.

Силјановска Давкова: За христијаните нема поголем празник од Велигден

Нема за христијаните поголем празник, изјави денеска кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова, честитајќи го Велигден пред Соборниот храм во Скопје.

- Како се чувствувам? Како и секој од вас. Што би рекол епископот, како возљубена родољупка. Црквата е домот. Патот ни го покажува Христос. Тоа е патот на љубов, на добрина, на почит, мислам дека треба да го следиме. Јас сум решила тоа да го правам и ќе продолжам, рече таа.

Според Силјановска Давкова, собирањето е најважниот чин во христијанството, а Црквата е не само главата и телото Христово и нема поубав ден од овој, кога се поздравуваме со „Христос воскресна - навистина воскресе“.

Владејачката партија на претседателот на Того убедливо победи на парламентарните избори

Владејачката партија во Того убедливо победи на парламентарните избори во земјата, освојувајќи 108 од 113 места во Парламентот, јавија светските агенции, повикувајќи се на конечните неофицијални резултати од гласањето во оваа африканска земја.

Според агенциите, огромната супериорност на партијата Сојуз за Републиката на претседателот Фор Гнасингбе дојде откако претходниот парламентарен состав одобри уставна реформа со која се смени формата на државното управување од претседателска на парламентарна.

На тој начин, наведуваат агенциите, Гнасингбе, кој владее 19 години, може да остане на власт, потсетувајќи дека опозициските партии кои ги бојкотираа претходните избори се надеваа на повеќе места во Парламентот.

притисни ентер