Откако американскиот производител на електрични автомобили Тесла ги намали цените, се зголемуваат реакциите. Ривалите главно се уште се изненадени, па се принудени да се објаснат дали ќе го сторат истото.
Потенцијалните купувачи се среќни, а оние кои купиле Тесла пред попустот се лути. Не само што мораа да платат повеќе, туку и нивниот половен автомобил сега вреди помалку. Поради ова дури избувнаа протести во Кина.
Шефот на компанијата Рено, Лука де Мео, на пример, остро ја критикуваше ценовната политика на американскиот конкурент.
„Ова ја уништува вредноста за клиентот“, нагласи шефот на Рено во интервју за „Фајненшл тајмс“.
Постојаните флуктуации на цените значат дека довербата на клиентите во вредноста на електричните автомобили ќе биде еродирана. Рено не сака да дава попусти на своите електрични автомобили, а не сака ниту Фолксваген.
Форд, пак, одлучи да ги намали цените на електричниот Мустанг
Сега клиентите кои платиле на Тесла пред попустот сигурно би се согласиле со Лука де Мео.
Извор: Б92