Шефот на „Bosch“: Моторите со внатрешно согорување не одат никаде уште 35 години!

Дискусијата за тоа колку брзо ќе оди електрификацијата на автомобилскиот свет не стивнува - сега се изјасни шефот на компанијата „Bosch“, Штефан Хартунг.

Хартунг изјави дека моторите со внатрешно согорување ќе бидат „во функција“ најмалку уште 30-35 години, дури и ако може порано да престанат да се продаваат во Европа.

Пазарот на електрични возила расте, но дури и ако одеднаш глобалното производство од 90 милиони патни возила се префрли на електрични автомобили, ќе бидат потребни 16 години за да се комплетира, изјави Хартунг за „The Pioneer“.

„Во реалноста, ова време треба да се удвои, бидејќи ќе мора да продолжиме да произведуваме мотори со внатрешно согорување во Германија. Не можеме да ги принудиме клиентите надвор од Европа да престанат да ги користат“, додаде тој.

Спомна и некои новини кои се потребни, а се уште не постојат, како решенија за земјоделски возила. Како што истакна, жетварката, на пример, работи 12 часа дневно и троши 250-300 kW.

„Со батеријата што и е потребна за да го притисне ова, возилото само ќе потоне во земја“, додаде Хартунг.

Конечно, шефот на големиот снабдувач за автомобили рече дека самите производители признале дека електрификацијата ќе потрае подолго од првично очекуваното.

Извор: Б92

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер