ШАРЕНА СЕЧЕИНЦА ПОД САЧ

Потребни состојки:  1 кг. пченично брашно, 1 кг. пченкарно брашно, 3-4 лажички сол, 3-4 литри вода,  400 мл. масло и 100 гр. путер.

Рецепт на Бобан Трповски

Постапка:

Во подлабок сад се става: 1 кг. пченично брашно, 1-2 лажички сол и 1-2 л. вода.

Состојките се мешаат со жица се додека не се добие хомогена смеса без грутки.

Во друг подлабок сад се става: 1 кг. пченкарно брашно, 1-2 лажички сол и 1-2 л. вода.

Истата постапка се повторува како и кај пченкарното брашно.

Во тенџере со 400 мл. масло се топи 100 гр. путер.

Тепсијата се премачкува со добиената смеса и врз неа се става сачот со жар.

По неколку минути со црпалка се посипува од смесата со пченично брашно и се поклопува со сачот.

По неколку минути се добива првата кора.

Истата постапка се повторува и со смесата од пченкарно брашно.

Треба да се добијат 20 кори од пченкарно и пченично брашно.

Корите се редат една врз друга и се печат дополнително под сач.

Потоа се сече во форма на баклава и така сечена се пече уште дополнителни 20 минути.

При печењето се става и жар под тепсијата.

Синот на Шерон Стоун стана актер

23 годишниот Роан Џозеф Стоун тргна по актерските стапки на својата славна мајка, холивудската ѕвезда Шерон Стоун.

Сексапилната актерка не го криеше задоволството што нејзиниот наследник стана актер, пишува Daily Mail.

Шерон Стоун воодушевене од новиот ангажман на синот на интернет објави фотографија од Роан.

"Роан Џозеф Стоун. Прв ден на снимање. Добре дојдовте во семејниот бизнис, дете. Забавувајте се", напиша гордата мама.

Честитки дојдоа од сите страни. Обожавателите напишаа дека е убав и едвај чекаат да го видат на големите или малите екрани.

Да потсетиме дека Шерон го посвои Роан со нејзиниот поранешен сопруг Фил Бронстин во 2000 година.

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори

Демократски сојуз на сите полицајци и припадници на службите за безбедност, им го честита 7 Мај, ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА и им посакува успешно извршување на сложените безбедносни задачи.

Празникот се совпаѓа и со изборите за претседател на државата и за пратеници, каде за жал, улогата на полицијата е клучна за обезбедување стабилност и услови за мирни и фер избори.

Овие денови се клучни за да спречите нерегуларности, притисоци, купување на гласови, организирање на „Бугарски воз“ или нарушување на изборниот процес на кој било начин (насилство итн).

Инаку полицијата и службите за безбедност извршуваат тешки, одговорни и сложени безбедносни задачи, но последните години се со ниски примања. Така, главен оперативец задолжен за спречување и откривање на тешки кривични дела прима плата од околу 45 илјади денари, а јавен обвинител околу 130 илјади денари.

Затоа предлагаме двојно зголемување на платите и нивно усогласување со платите на обвинителите и судиите.

Честит празник!

Екипата од Туминец повторно најуспешна на велигденскиот фудбалски турнир на Општина Пустец

Фудбалската екипа од село Туминец е победник на годинaшниот турнир одржан во Долна Горица, општина Пустец. Младите фудбалери од Туминец беа подобри во финалето против екипата на Горна Горица.

Фудбалскиот турнир организиран од Општина Пустец, традиционално се одржува по повод големиот празник Христовото воскресение - Велигден, кога Македонците, кои живеат и работат во други земји, главно во соседните, се враќаат во родните села.

На турнирот, што годинава беше посветен на Васил Јанкула, кој почина на трети минатиот месец, учествуваa екипи од сите села на општината.

Градоначалникот Пали Колефски ѝ го врачи пехарот на фудбалската екипа на Туминец, предводена од капитенот Драган Вурмо, која повеќе години по ред е победник на велигденскиот фудбалски турнир.

- Најпрво ви го честитам големиот празник, Христовото Воскресение - Велигден, со желби за здравје и благосостојба. Честитки за победата, а и на сите учесници за фер однесувањето на натпреварите. Моја порака и голема желба, е, да продолжиме со оваа убава традиција, посака Колефски.

Сите екипи, учесници, како и досега, соодветно беа наградени од општината.

притисни ентер