Сезонско овошје и зеленчук, тестенини, ориз–кои производи ќе се опфатат со „есенската кошница“

Месо, млечни производи, сезонско овошје и зеленчук, пекарски производи, тестенини, ГРАВ,ориз се дел од 100те најавени продукти кои ќе бидат дел од есенската потрошувачка кошничка која ја спрема Министерството за економија. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

„Гответе со Дракче“ - Пржена риба

Во среда (18.09.2024) во емисијата гостин ни беше Владо Дојчиновски

Состојки за денешниот рецепт:

2 парчиња риба

3 лажици брашно

3 лажици пченкарно брашно

1 лажица сол

за прилог

1 лимон

5 - 6 шери доматчиња

100 гр. рукола

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Каде се наоѓа Точката Немо?

Точката Немо важи за најоддалечената точка во Тихиот Океан, позната и како „најосаменото место“ на планетата Земја. 

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација - НАСА го користи овој ненаселен остров како еден вид „депонија“ за употребени и истрошени сателити и друг вселенски отпад што се спушта и гори при повторното свое влегување во атмосферата на Земјата. Според некои проценки, досега од Земјината Орбита на ова „вселенско ѓубриште“ се спуштени околу 300 сателити.

До 2030 година, НАСА планира таму да ја смести и Меѓународната вселенска станица којашто се наоѓа на околу 400 километри од Земјата.

Сместен во Тихиот Океан, островот се смета најоддалечената и најизолирана точка на нашава планета, далеку од која било држава. Најблиску до оваа точка се островите Дучи и Моту Нуи (околу 2.600 километри), коишто се наоѓаат близу Велигденските Острови што му приаѓаат на Чиле. Најблиското населено место, пак, е оддалечено околу 2.700 километри.

Точката Немо се наоѓа на 48 степени и 52,6 минути јужна географска ширина и 123° 23,6′ западна географска должина.

Местото е откриено во 1992 година од страна на хрваткиот истражувач Хрвоје Лукатела. Името го добило по капетанот Немо - лик од познатиот научнофантастичен роман на Жил Верн - „2.000 милји под морето“.

Островот не е богат со храна, па животинските видови се ретки. Научниците се прилично заинтересирани за истражување на океанското дно околу островот.

ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и денеска апелираат до граѓаните за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив.

Во последното деноноќие, како што соопшти ЦУК, немало регистрирани пожари на отворено на територијата на државата.

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие имало вкупно 1 419 повици . Од нив „реални“ повици биле 54,69 отсто, а 45,31 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 69,63 отсто, кон Итната медицинска помош 25,65 отсто, a кон пожарникарите 1,57 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

притисни ентер