Северина го загуби старателството над синот!!

Балканската музичка ѕвезда Северина Којиќ  неочекувано ја загубила правната битка со екс сопругот, српскиот тајкун Милан Поповиќ, за старателството на синот Александар.

Судијката Теа Гулаб денеска во Загреб донела привремена мерка и одлучила синот на пејачката Северина Којиќ(47г) и српскиот бизнисмен Милан Поповиќ (54), Александар да живее со таткото и Поповиќ самостојно да се грижи за неговото здравје образование и воспитување.

На денешниот процес во Општинскиот граѓански суд во Загреб поранешните сопружници не се појавиле во судницата.

Во правната битка околу старателството над детето, популарната пејачка Северина го загуби спорот со екс сопругот Милан Поповиќ.

-Задоволни сме со пресудата иако се уште не е правосилна. Се надевам дека мајката ќе ги почитува привремените мерки, изјавил адвокатот на Милан Поповиќ за 24 сата.

Судијката Теа Голуб во својата одлука не навела на која адреса ќе живее синот на Северина и Милан.

Адвокатот на Северина, Мате Матиќ пред два дена поднел пријава против Милан Поповиќ поради повреда на правата на детето.

Според одлуката на судот, привремената мерка практично значи дека Северина Којиќ денеска би требала синот да му го предаде на Милан, кој според одлуката може детето слободно да го однесе во Србија, или на некоја друга адреса и да се грижи за него.

-Александар конечно ќе продолжи да оди на училиште, а не на концерти.Знам само дека мојот син не бил на училиште од 14 . 10 2019 година, сега ќе мора да зема дополнителни часови за да го надомести загубеното. Во неговото училиште немаше штрајк, што значи дека пропуштил многу од градивото, објаснил Поповиќ.

Српскиот бизнисмен кој покрај Александар е родител на уште два сина, поради синот добиен во бракот со Северина во Загреб купил куќа за што повеќе да биде со синот.

Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. /МИА

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

притисни ентер