Сесија на Работната група за Поглавјето 23 на НКЕУ-МК

Националната конвенција за Европската Унија во  Македонија (НКЕУ-МК) денеска во Клубот на пратеници во Скопје, ќе ја одржи петтата сесија на Работната група 3 – Правосудство и основни права – Поглавје 23.

Оваа седница на НKЕУ-МК е посветена на една од клучните точки на кои државата треба да се фокусира во евроинтегративниот процес во однос на Поглавјето 23.

– Работната група 3 уште во претходните сесии се посвети и акумулираше значајни препораки за напредување на реформите во ова важно поглавје од пристапните преговори за Европската Унија, со цел да му помогне на македонското општество преку превенција на корупцијата кај членовите на Парламентот, судиите и обвинителите самостојно да го изоди патот до полноправно членство, посочуваат организаторите.

Освен експертите од НКЕУ-МК, на седницата најавнео е дека ќе учествуваат и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, Павол Зилинчик од Канцеларијата на народниот правобранител, како и од Судскиот совет на Република Словачка, кој споделувајќи го своето искуство од овој процес, ќе укаже на виталните преговарачки прашања од Поглавјето 23. /МИА

Во Северна Кореја годинава за првпат се положи заклетва за лојалност за роденденот на Ким Џонг

Во Северна Кореја годинава за првпат се положи заклетва за лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун

За првпат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, годинава од севернокорејските граѓани беше побарано да се заколнат на лојалност на неговиот роденден, соопшти Институтот за развој на југот и северот (САНД) со седиште во Сеул.

Институтот објави фотографии од текстот на заклетвата во папка, за која се верува дека е направена на 40-тиот роденден на Ким, 8 јануари.

Северна Кореја никогаш официјално не го потврдила датумот на раѓање на Ким, а традиционално ваквите церемонии за заклетва се одржуваат на годишнините од родендените на неговиот татко и дедо, претходни севернокорејски лидери.

Приведени двајца дилери на дрога, пронајдени над три килограми марихуана

 Двајца прилепчани се приведени синоќа бидејќи во возилото „пежо“ со кое се превезувале биле пронајдени торба со над три килограми марихуана и автоматска пушка со празна рамка. 

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека двајцата дилери се приведени на регионалниот пат Дебар-Струга околу 21:30 часот. Автомобилот марка „пежо“ со скопски таблички било на рент а кар компанија. Возилото го управувал 34-годишниот Б.С., а сопатник бил 36-годишниот Д.Н.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Галант: Израел нема избор, мора да почне офанзива во Рафа

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант синоќа му кажал на својот американски колега, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин дека Израел нема друг избор освен да почне офанзива во градот Рафа на југот на Појасот Газа.

Галант во телефонски разговор го информирал Остин за вчерашниот смртоносен ракетен истрел од Рафа на позициите на израелската армија, соопшти неговиот кабинет.

Тој изјавил дека се прават сите напори од страна на државата Израел да се постигне договор за ослободување на заложниците и привремен прекин на огнот и оти Хамас го отфрла секој предлог што ќе го овозможи тоа.

Галант му рекол на Остин дека „нема избор“ и дека тоа значи „почеток на израелска операција во Рафа“.

Притоа, тој се заблагодарил за блиската соработка и истакнал дека САД имаат важна улога во унапредувањето на дијалогот за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас, пренесоа израелските медиуми.

притисни ентер