Семинар за народните инструменти и песни пред почетокот на фестивалот „Пеце Атанасовски"

Во пресрет на почетокот на 45. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски" што на 5 и 6 јули ќе се одржи во Прилеп и на Рудина кај Долнени, деновиве се одржа Семинарот за изучување на народните инструменти и песни. 

Тринаесет млади учесници истражуваа, ги осознаваа инструментите и песните кои народот ги создавал низ вековите и се дел од богатото културно и фолклорно наследство на овие простори.

Оваа година семинарот е насловен „Доближувањето на младите до фолклорот", а работата е поделена на неколку етапи. Горан Василески, магистер по фолклористика и водач на семинарот, вели новост е теренско истражување во неколку села во општина Долнени каде младите се запознале со традиционалните песни и инструменти, а повозрасните им објаснувасле на младите за фестивалот, за традиционалните инструменти и песни, за обичаите, народните носии, сѐ со цел тие потемелно да навлезат во традицијата и во фолклорот.

– Посетивме неколку културно-уметнички друштва. На пример, КУД „Пенка Котеска" од Прилеп ни излезе во пресрет и присуствувавме на нивната проба, ги слушавме изворните песни од регионот Прилеп-Мариово. Денеска имавме средба со изработувачот на народни инструменти, мајсторот Љубен Јуртовски, за да видиме директно како се изработуваат гајдите, тапаните, зурлите и кавалите, изјави Василески, објаснувајќи дека на затворањето на фестивалот, во Долнени, на Рудина, в сабота семинаристите ќе настапат со она што го научија, главно, тука е „химната" на Долнени и на фестивалот – песната „Отидов село Долнени, де". Учесниоците на семинарот, младите, ќе настапат со помош на КУД „Пенка Котеска".

Василески се надева дека младите и наредните години повеќе ќе се интересираат за изворниот мелос зашто овој сменинар е единствен од ваков карактер каде не се плаќа партиципација и учесниците добиваат максимум од познавањата на изворниот мелос.

-Семинарот се одржува 10-ина години. Се трудиме да има континуитет, без разлика колкави се средствата и ќе настојуваме во иднина да продолжи оваа традиција која директно е врзана со зачувувањето на богатиот македонски изворен фолклор. Има доста млади заинтересирани, кои сакаат д го изучат фолклорот. Секако, добредојдена е помошта од државата, од Министерството за култура и од сите извори да се зачува богатиот фолклор и да се пренесе на новите генерации. Сакавме да ги анимираме Македонците во Гора, во Мала Преспа, но се зависи од финансиските средства, додаде Василески.

Младите велат дека треба да се возобнови интересот за фолклорот кој последниве години кај новите генерации стагнира. Младиот Борче Нунески, семинарист, 10 години игра во КУД „Мирче Ацев".

– Вљубеник сум во Фолклорот. Играорец сум 10 години. Сега сакам да научам да свирам на гајда. Има млади кои се интересираат, но, за жал, сѐ е во изумирање. Не знам, ама треба да се подигне љубовта спрема фолклорот, вели Нунески.

Десетгодишниот Давор Петкоски го сака фолклорот и играњето народни ора.-Имам 10 години. Одам во КУД „Мирче Ацев" во Прилеп седум години. Учествувам на овој семинар. Пееме и истражуваме народни песни. Свириме и истражуваме, вели Петкоски

Според секретарот на фестивалот „Пеце Атанасовски", Златко Лаашкоски, сѐ зависи од инетересот на државата и дека токму нивниот фестивал се труди да ги зачува традицијата, изворниот мелос.

-Во 1974 година кога почна фестивалот во Долнени имаше 100-ина гајдаџии, денеска нема ниту еден. Токму тоа е нашата мисија – да ја вратиме љубовта кон извпрниот мелос. А се надеваме овој семинар, кој стана традиција, ќе го стори тоа. Волја е на државата – ако се дотираат повеќе средства – ќе има поголема желба за зачувување на изворниот мелос. Ние сакавме на семинарот да имаме пет професори, над 30 учесници кои 10 дена ќе работат со семинаристите за изучување на народните иснтрументи и песни. Но, се зависи од средствата. Се надевам дека за ова народно културно богатство во иднина ќе има слух, објаснува Лашкоски.

Фестивалот „Пеце Атанасовски" официјално почнува утревечер со дефиле на учесниците во центарот на Прилеп, со првата вечер на изведувачите на народни инструменти и песни на плоштадот „Александрија" во центарот на Прилеп. В сабота е трибината со етномузиколози за изворниот мелос некогаш и денес, промоција на зобрник со научни трудови, а вечерта в сабота на Рудина кај Долнени, е втората фестивалска вечер, прогласувањето на најдобрите и врачувањето на наградата „Гајдата на Пеце Атанасовски" на најдобриот гајдаџија. На Фестивалот ќе учествуваат околу 350 изведувачи од сите краишта на земјава. /МИА

Параглајдерист преживеал пад од 30 метри- камерата го снимила ужасот (ВИДЕО)

Јутјуберот Ентони Вела го тестирал леталото над државниот парк во Аризона кога доживеал несреќа.

Тој објави видео од инцидентот на популарната платформа, откако падна на земја од околу триесетина метри, врескајќи и плачејќи.

Ентони некако повикал помош.

„Тој звучеше очајно, го повика диспечерот и рече дека се урнал со својата летечка машина“, беше објавено.

Неговиот пријател пристигнал за неколку минути, а властите „во живо“ ги следеле драматичните моменти, пренесува Дејли Стар.

Диспечерот го прашал пријателот дали жртвата имала повреди или крвари, а Ентони тврдел дека е добро. За жал згрешил, бидејќи подоцна било откриено дека има неколку скршеници.

На пат кон болница ѝ се јавил на сопругата и ѝ рекол: „Колабирав, ми се скрши раката. Ќе бидам добро, љубов, не грижи се“.

Исплашената жена одговорила: „Што сакаш да кажеш, не грижи се?“.

Се верува дека инцидентот бил предизвикан од дефект на моторот, а Јутјуберот ги предупредил луѓето тројно да го проверат секој дел пред да полетаат.

Доктор имал интимни односи со жени во ординацијата, додека пациенти чекаат на ред

На лекарот кој се снимал себеси за време на интимните односи во ординација, додека пациентите го чекале својот ред, му се заканува крај на кариерата.

Том Плимер (40) се појави во ТВ шоуто „Први средби“ уште во 2018 година, а снимката наводно ѝ ја покажал на својата колешка од Свиндон. Потоа ѝ испратил на медицинска сестра 197 експлицитни фотографии откако таа била „принудена во врска со него“.

Трибуналот кој се занимава со жалби против лекарите откри дека способноста на д-р Плимер за професионална работа била нарушена поради недолично однесување, пишува Дејли Меил.

Членовите на трибуналот слушнале дека тој наводно поканил две жени на лекар, кои ги запознал преку Интернет, а потоа водел љубов со нив во работното време.

Се тврди дека имал интимни односи со најмалку шест жени во канцеларијата, а на поранешните љубовници им испраќал контроверзни фотографии додека пациентите го чекале својот ред.

За време на неговото појавување пред трибуналот, д-р Плимер се извинил за неговото „одвратно однесување“.

Тој претходно беше прогласен за виновен по повеќе обвиненија, меѓу кои и шетање по извршена операција со откопчани панталони, испраќање експлицитни видеа, како и ставање рака на колешка на гениталиите.

Против него е поднесена дополнителна пријава за полови дејствија во ординација.

Медицинската сестра тврди дека започнала „пријателство“ со докторот по „двосмислените пораки за чоколадното зајаче“. Тој наводно ѝ се доверил дека е зависник од секс и разменил 5.000 пораки со неа.

Една порака наводно гласела: „Можам ли да ти дозволам да влезеш во некоја тајна? Ти си мојата омилена“.

Плимер ѝ покажал 197 фотографии и видеа на кои тој има односи со други жени, било кажано на Трибуналот.

Лекарот минатата недела изјави дека „се опоравува од зависноста“ со поддршка од пријатели и зема лекови. Тој признава дека испраќал експлицитни видеа на жени, но тврди дека сѐ било со согласност.

Трибуналот допрва треба да донесе конечна одлука за овој случај.

Полицијата ги растера студентите пред елитната Сорбона на пропалестински протести (ВИДЕО)

Полицијата растера десетици демонстранти кои денеска кампуваа во дворот на Универзитетот Сорбона во Париз за да протестираат против војната во Газа, изјави тамошен студент.

Протестите се случија три дена по протестите на елитниот универзитет Сајнс По во главниот град и следеа антиконфликтни собири во кампусите низ Соединетите држави, објави Франс24..

„Имаме секаква причина, како на Јеил, Колумбија, Сајнсс По... да го осудиме она што го гледаме дека се случува“, рече студент, кој се претставил само како Леонард, на друг митинг пред влезот на Сорбона.

Универзитетот, еден од најстарите во светот, ги затвори своите згради за време на мирните протести. Студентите извикуваа „Слободна Палестина“ и ја повикаа институцијата да го осуди Израел. Вкупно 253 заложници беа заробени во напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври. Според израелските податоци, членовите на Хамас во нападот убиле околу 1.200 Израелци.

Израел возврати со наметнување опсада на Газа и воздушен и копнен напад. Според здравствените власти во Газа, израелската војска убила најмалку 34.488 Палестинци во тие напади.

Неколку француски политичари, меѓу кои и Матилд Пано, која ја предводи левичарската група пратеници на ЛФИ во Националното собрание, ги повикаа поддржувачите на социјалните мрежи да се приклучат на протестите во Сорбона.

притисни ентер