Семинар за изворниот мелос за јубилејниот Фестивал „Пеце Атанасовски"

Во рамките на Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски" од денеска до петок ќе се одржува традиционалниот семинар за изучување на народните инструменти и песни. 

Со овој семинар традиционално се навестува Фестивалот што ќе се одржи на 5 и 6 јули во Прилеп и на Рудина кај Долнени на кој ќе учествуваат 350 изведувачи на изворниот мелос од целава земја. Годинава фестивалот ќе се одржи по јубилеен, 45-ти пат.

Од денеска, 13-ина млади во Спомен-куќата на Пеце Атанасовски во Долнени ќе ги изучуваат изворните инсрументи и песните кои се македонско фолклорно богатство и се пренесувале низ вековите од генерација на генерација.

Според етномузикологот Горан Василески, кој го води Семинарот, годинава запознавањето со изворниот мелос ќе биде на теренот.

– За изучувањето на изворните инструменити ќе бидеме на теренот, во Прилеп и во Долнени, онаму каде низ вековите се создавал изворниот мелос. Ќе посетиме работилница каде се изработуваат инструментите, пред сѐ, гајдите, а во средините, младите ќе се запознаат каде и како се создавала изворната песна, објаснува Василески.

Официјално, јубилејниот 45-ти Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски" ќе почне в петок со традиционалното дефиле на учесниците низ центарот на Прилеп. Ќе учествуваат околу 350 исполнители на изворниот мелос од целата држава, а најавени се и гости од соседните земји. Фестивалот свечено ќе биде отворен од 20 часот, што е и првата фестивалска вечер, на летната сцена на плоштадот „Александрија" во центарот на Прилеп, каде пред вљубениците на изворниот мелос ќе се претстават дел од учесниците.

На 7 јули во ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков" во Прилеп ќе се одржи симпозиум со еминентни научни работници на тема „Фолклорот во минатото и денес". Ќе биде промовиран и Зборникот на трудови на етнолози и научни работници за изворниот мелос.

Во сабота, на Рудина кај Долнени е втората фестивалска вечер каде ќе настапат учесниците на ова јубилејно издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски". Ќе бидат прогласени најдобрите и ќе биде врачена наградата за најдобар гајдаџија, гајдата на Пеце Атанасовски што ја доделува општина Долнени.

Уметничкиот директор на Фестивалот, етномузикологот професор Родна Величковска од Институтот за фолклор „Марко Цепенков" од Скопје нагласува дека веќе 45 години Фестивалот ги исполнува главните цели.

– Македонскиот народ изнедрил богат изворен мелос создаван низ вековите и е дел од богатото фолклорно наследство. Веќе 45 години Фестивалот го одржува, го негува богатото фолклорно наследство и секако, го пренесува на новите генерации, нагласува Величковска.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер