42- годишниот Берни Морис и неговата сопруга , 43 годишната Катус Јанг живеат со своите два сина , седумгодишниот Мадог и тригодишниот Малинки далеку од цивилизацијата во Кумбрија , област на северозападниот дел од Британија.
Семејството купило земја со површина од 14 хектари во 2014 , на која се поставени два дрвени вагона, дрвена колиба и тоалет. Отпадоците ги претвораат во ѓубриво , а ја греат водата со соларни панели.
Повремено им ги издаваат вагоните на туристи , кои сакаат да пробаат како се живее далеку од цивилизацијата , без струја и со огераничени количества вода. Храната сами си ја произведуваат .
Единствени редовни примања се оние на Катус од 89,70 фунти што ги добива како член на локалниот совет. Нивниот седумгодишен син на училиште јавајќи пони.