Семејната трагедија ја променила засекогаш и денес изгледа како божица (видео)

Под нејзината тежина пукале столчиња?!

Еве како Џесика Феро од гојазна жена станала вљубеник во фитнесот.

Дебелината стана еден од водечките здравствени проблеми во светот. Многумина се обидуваат да ослабат дури откако вишокот килограми ќе почне да го загрозува нивното здравје, а патот до нормална тежина знае да биде макотрпен, бидејќи бара доста откажувања и дисциплина.

Џесика Феро (34) порано била толку многу дебела што столчињата пукале под нејзината тежина. Кога патувала со авион, морала да купи две карти за да може да се смести, а честопати трпела и навреди со осуда на сметка на својот изглед.

Таа е висока 187 см, а некогаш имала 228 кг. Поради високиот крвен притисок, имала и проблеми со дишењето, но и болки во грбот и зглобовите. Таа дневно внесувала 6.500 калории, а на еден оброк можела да изеде неколку хамбургери, две големи пици и повторно да чувствува глад.

Но, смртта на нејзиниот татко од срцев удар, кој исто така бил гојазен, ја натерала да размисли за сопствениот живот. Тој не бил пушач, не пиел алкохол, но храната што ја јадел го чинела живот.

-Никогаш нема да заборавам кога падна од креветот. Очајнички се обидував да го реанимирам, но обидот да поместам 130 килограми несвесна тежина беше најтешкото нешто што се обидував да го сторам, додека операторот од Брзата помош се обидуваше да ме смири и да ми даде упатства преку телефон – раскажала Џесика.

Смртта на нејзиниот татко толку многу ја потресла што одлучила да ослабе како знае и умее. Освен тоа, Џесика го мразела своето тело и имала проблеми со менталното здравје, напади на анксиозност и депресија.

Откако успеала да се ослободи од дел од тежината, една година по смртта на нејзиниот татко ѝ била изведена интервенција за намалување на желудникот.

По направениот бајпас на желудникот, таа се соочила со опуштена кожа, која исто така ја отстранила хируршки. Потоа се посветила на здравата исхрана, што подразбира јадење мали оброци кои вклучуваат доста овошје и зеленчук, а преработената храна целосно ја исфрлила.

Џесика почнала да вежба фитнес и толку многу напредувала што дошла и до натпревар во бодибилдинг. Својата неверојатна трансформација денес ја користи да ги мотивира другите, па своето искуство го дели на социјалните мрежи и ги поттикнува гојазните луѓе да се менуваат.

- Дури сега сфаќам колку тежината ми влијаела на енергијата, расположението, самодовербата и активностите, па дури и излегувањата со пријателите. Сега повеќе го ценам животот и имам многу повеќе енергија во споредба со порано. Го променив секој аспект од мојот живот. Емотивно сум посреќна и верувам дека ја заслужувам таа среќа – заклучила таа.

Дневен хороскоп за 27. јули 2024 година

Дневен хороскоп за сабота, 27. јули 2024 година. 

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе имате добар баланс меѓу чувствата и разумот. Ќе знаете да се поставите како што треба , а партнерот тоа ќе го цени.

Кариера

Ќе се појави ненадејна потреба да се заокружи една целина . Ќе се потрудите да финиширате најдобро што знаете.

Здравје и совет

Имате влијание врз другите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашите забави и дружби ќе продолжат со ист интензитет како и до сега. Ќе бидете среќни и задоволни.

Кариера

Оние кои обично многу зборуваат , со време им стануваат здодевни на другите. Пазете да не се вклучите во оваа категорија.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате убаво.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Некои ќе мислат дека никој не ги сака и ќе трпат. Оние во врска ќе се чувствуваат осамени и покрај се.

Кариера

Денеска повторно дознавате дека можностите се едно , а стварноста нешто друго. Ќе ви биде потребна мудрост за да најдете рамнотежа.

Здравје и совет

Ќе сонувате.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Оние кои се во подолга врска , денеска ќе се обидат да го обноват односот со помош на секс и еротика . Малку ќе претерате.

Кариера

Веројатно за малку ќе избегнете расправија. Така е подобро. Исто така откажете се од непотребни коментари .Здравје и совет

Издржете , без брзање.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Сметајте на зголемена чувствителност на партнерот или вашите лични односи ќе бидат подложни на најситни вибрации.

Кариера

Некои ќе ја менуваат моменталните деловни планови , за што подобро да се прилагодат кон ситуацијата. Другите ќе одмораат.

Здравје и совет

Треба да се каже вистината.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе се обидете да ги споите емоциите и радоста. Во тоа речиси целосно ќе успеете. Многумина ќе почнат ново познанство.

Кариера

Повеќето ќе работите денеска со многу дух , шарм и отвореност. Ништо нема да им биде тешко.

Здравје и совет

Не заборавајте на искреноста.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

само што направивте еден чекор напред , веќе одите два наназад. Ви недостига трепение и такт .

Кариера

Веројатно на работа денеска ќе бидете површни. Ќе ви биде важно само да се опдработи она што се мора.

Здравје и совет

Повлечете се на мирно место.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Мали недоумици ќе бидат поврзани со преуредување на заедничкиот простор или домот. Ќе бидете збунети , но не толку за да не функционирате.

Кариера

Денеска се поврзувате со соработници од други места. Посебно добро им оди на оние од услужните дејности.

Здравје и совет

Бидете прибрани.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Немојте да се изненадите ако партнерот кон вас искаже некаков вид на агресивност. На едно уво нека влезе , на друго да излезе.

Кариера

Ќе си дозволите еден непланиран трошок , за да се утешите од фрустрациите , бидејќи не ви одат лесно работите.

Здравје и совет

Одете полека.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас е еден по малку тежок ден , во кој работите нема да се одвиваат како што би сакале , но

Кариера

Очекувајте спонзори на кои другите не сметаат . Денеска ќе се покаже дека сте имале добро претчуство.

Здравје и совет

Верувајте во подобро утре.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Би сакале да го дефинирате својот статус во еден однос , но околниостите нема тоа да ви го дозволат. Не е се уште јасно.

Кариера

Следува изненадување од претпоставените . Новите задачи бараат и нови таленти.

Здравје и совет

Средете ги недоразбирањата без нервоза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска нема да бидете сигурни како да се поставите во љубовна ситуација. Според вашите критериуми , се ќе се одвива пребргу.

Кариера

Малку по малку , на другите ќе им се вовлечете под кожа и ќе почнат да ве прифаќаат како некој без кого не може да се работи.

Здравје и совет

Не правете драма , снајдете се.

Од понеделник започнува „ВЕСТИ ПЛУС“

За сите актуелни теми, секој работен ден во ВЕСТИ ПЛУС, веднаш по вестите во 18 часот...

За сите актуелни теми во домашната политика, владата ветува, опозицијата критикува....

Ќе се подобри ли животниот стандард на граѓаните, следува ли економски бум, или фијаско?

Ќе тргнеме ли кон ЕУ и кога?

Ќе ја решиме ли корупцијата?

Од понеделник...

...за сите актуелни теми, секој работен ден во ВЕСТИ ПЛУС, веднаш по вестите во 18 часот...

Јавнал разбеснет бик, а потоа публиката занемела во шок (Вознемирувачко видео)

Потресни сцени се снимени во неделата, на 21 јули, на ранчот „Ел Регало“ во мексиканската држава Табаско, каде што било организирано родео.

Гледаме момент кога човек се качува на бик по име Цунами и по неколку моменти настанува хаос.

Имено, разбеснето животно се втурнало низ полето и го соборило јавачот. Кога паднал на земја, човекот останал неподвижен, а Цунами го удрил неколку пати со главата и роговите.

Каубојците се обиделе да му го одвлечат вниманието на бикот и на тој начин му дале шанса на јавачот да се извлече, но безуспешно.

На крајот животното се свртело на другата страна, што луѓето го искористиле за да го однесат несреќниот човек на безбедно, пренесува The Sun.

Порталот Ел Универзал јавува дека мажот бил пренесен во болница, а лекарите констатирале дека не се здобил со сериозни повреди.

Се споменува и дека истиот бик претходно нападнал и друг натпреварувач кој завршил во прашината. И тој не бил повреден.

притисни ентер