Секси политичарка го “запали“ Твитер (фото)

Данската политичарка Никита Клаеструп и стана позната на широката јавност благодарејќи на своето деколте.

Од кога ја објави фотографијата на која ги истакна градите, на Твитер доби повеќе од 40.000 следбеници.
Таа работи во една политичка организација која ги застапува конзервативните ставови и се противи на моменталната власт.

Откако се појави во јавноста како секси политичарка, почнаа да пристигнуваат различни понуди, а една од нив е и да се слика гола за американскиот „Playboy”.

Како што пишува „Business times”, Никита има 20 години и е студент на Универзитетот во Копенхаген.

Поплави и свлечишта во германската провинција Сар

Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во западната германска покраина Сар. Поради надојдената вода евакуирани се жителите од неколку згради.

Според Германската метеоролошка служба во Сар вчера наврнале повеќе од 100 литри дожд на квадратен метар за помалку од 24 часа.

Според досегашните информации, во силното невреме нема жртви, а при евакуацијата едно лице е повредено.

Голем број патишта во Сар сè уште се затворени, а ограничен е и железничкиот сообраќај.

Германскиот сојузен канцелар Олаф Шолц најави дека ќе ја посети поплавената област.

Поради обилните дождови зголемена е готовност и на надлежните служби и во Саксонија, Тирингија и Баварија./МИА

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. 

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

притисни ентер