Седум повредени од експлозија во Загреб

Од експлозија што синоќа се случи на тераса на угостителски објект на улицата Башчанске плоче 5 во Загреб, се повредени седум лица, од кои тројца потешко.

Полицијата приведе едно лице осомничено за нападот, најверојатно со рачна бомба.

Според хрватските медиуми, експлозијата се случила во кафулето Хет Трик каде осомничениот се скарал со некои од гостите, по што отишол дома и се вратил со бомба.

Неофицијално станува збор за 52- годишен воен ветеран, а ако се докажат обвинувањата ќе одговара кривично за загрозување на безбедноста, но и за обид за убиство.

Полицијата до доцна во ноќта вршеше увид на местото на злосторството при што на терасата од кафулето останаа крвави траги и парчиња од облеката на повредните во експлозијата.

Приведени крадци во Скопје

На подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа од 22.45 до 23.20 часот лишиле од слобода четири малолетници од Скопје.

Како што денеска соопштија од МВР, тие се сомничат дека околу 22.00 часот на подрачјето на Центар со закана со остар предмет од двајца други малолетници одзеле пари.

- Со малолетниците бил извршен службен разговор, а парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.

Во кочанскиот регион пријавени уште 164 лица кои ќе гласаат во домашни услови

Во четирите општини од кочанскиот регион се пријавиле уште 164 болни и изнемоштени граѓани кои побарале своето гласачко право да го остварат во домашни услови.

Тоа е зголемување од над 40 отсто во споредба со пријавените за првиот круг на претседателските избори, односно вкупниот број сега изнесува 436 лица.

Најголем број пријави биле доставени до Општинската изборна комисија во Кочани, но по разгледувањето на документацијата дел од нив биле одбиени.

- Во законскиот рок ни беа доставени уште 87 пријави, но комисијата утврди дека 11 од нив не ги исполнуваат условите. Кај една пријава е констатирано дека лицето не е запишано во избирачкиот список, за што има поднесено приговор, и ако добиеме позитивен одговор тоа ќе може да го оствари правото да гласа. Заедно со пријавените од првиот круг на претседателските избори, на територијата на општина Кочани има вкупно 245 болни и изнемоштени кои ќе гласаат во домашни услови, истакна Билјана Димовска Гичева, претседателка на Општинската изборна комисија – Кочани.

До Општинската изборна комисија во Виница се доставени уште 38 пријави и сите се прифатени, со што вкупно 99 лица ќе гласат во домашни услови.

Во процентуален износ најголем број новопријавени лица во однос на гласањето од пред две недели има во општина Зрновци. Порастот е за двојно поголем, односно ќе гласаат вкупно 22 болни и изнемоштени.

Во Општинската изборна комисија во Чешиново-Облешево добиле уште 39 пријави и вкупниот број сега изнесува 69 лица, за кои е констатирано дека ги исполнуваат условите за гласање во домашни услови.

ПСЖ ќе му понуди нов договор на Донарума

Пари Сен-Жермен има намера да го продолжи договорот со голманот Џанлуиџи Донарума, пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио.

Според изворот, парижаните ќе преговараат со 25-годишниот Италијанец по завршувањето на сезоната 2023/24. Управата на клубот сака да го направи голманот капитен на тимот.

Донарума игра за ПСЖ од јули 2021 година. Во сезоната 2023/24 Донарума учествуваше на 40 натпревари во сите натпреварувања, прими 36 гола и ја зачува мрежата чиста 16 пати.

Актуелниот договор на голманот со францускиот клуб е со важност до крајот на јуни 2026 година.

притисни ентер