Седум од околу илјада „бомби“ од ,,Титаник” ќе се слушаат без присуство на јавноста

Во Кривичниот суд заврши денешното рочиште на кое беа слушани дел од таканаречените „бомби“ за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во кој се обвинети неколку поранешни функционери.

Поради мајчинските права на Гордана Јанкуловска во судот се одекнаа десетина прислушувани телефонски разговори судот. Во таканаречените „бомбри“ за случајот со избонри нерегуларности кодиран „Титаник“, доминараа гласовите на Мартин Протуѓер и на Миле Јанакиески. Екс министерот за транспорт Јанакиески му одговараше на поранешниот генерален на владата Протуѓер за тоа колкумина биле пријавени за гласање од дијаспората, по што од Протуѓер, Јанакиески добива наредба да се јавува по амбасади и да ги задолжи да одат од врата до врата.

По три часовна дебата околу автентичноста на прислушуваните разговори, сдуот, ги одби барањата на одбраната, со образложение дека се одобрени Апелациониот како повисок суд. Иако, адвоактите се сомневаа дека во судот има копии од оригиналните „бомби“.

„Предлогот што беше е да се обезбеди, докаже или покаже, дали овие снимени материјале коишто се доставени во судот имаат оригинал, дали се оригинални или пак тие се втора, трета или некоја друга снимка којашто се доставува во судот“, изјави адвокатот Еленко Миланов.

Судењето „Титаник“ на секои два часа, ќе има пауза од еден час, поради мајчинството на Гордана Јанкуловска, која се породи пред месец и половина.

„Сметам дека држењето на Јанкуловска подолго од 2 до 3 часа на ден е проблематично и по здравјто на детето и по неговиот развој, така што треба да се остави на совеста на судии“, изјави адвокатот Петар Василев

Утре, повторно ќе се слушаат „бомбите“ – има 1.063, 7 разговори нема да и бидат познати за јавноста, ќе биде отстранета, поради приватноста на обвинетите. СЈО има 5.910 писмени докази, а засега планира да повика 191 сведок, за изборните нерегуларности во 2011 година.

Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228

 Бројот на жртвите од поплавите што ја погодија Кенија поради обилните дождови се зголеми на 228, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на земјата.

Дождовите кои предизвикаа големи поплави и лизгање на земјиштето низ земјата во последните недели се очекува месецов да се интензивираат.

Поплавите уништија домови, патишта, мостови и друга инфраструктура низ најголемата економија во Источна Африка.

Успешни Македонци во светот

Нашинецот од Австралија Златко Димовски со порака до Канал 5.

Моето име е Златко Димоски, ви пишувам и се надевам дека нашата успешна приказна можеби ке ви биде интересна.

Со моето семејство пред седум години заминавме во Австралија , ние сме спортско карате семејство, бевме многу успешни во Македонија и неколку пати сме биле гости во вашата ТВ ( семеен ручек на Вести и др емисии ). Како карате семејство успеавме да постигниме врвни спортски резултати на два континенти во Европа за македонија и на Океанија за Австралија.

Со мојата сопруга Елизабета Димоска бевме репрезентативци на Македонија а потоа успешни тренери и судии на Светската Карате Федерација .

Нашите керки близнаќки Мишела и Маријана Димоски беа едни од најдобрите и најуспешните каратисти на Македонија, ( две години по ред беа добитници на Спортски оскар за најуспешна шенска екипа во македонскиот спорт 2014 и 2015), освоија многу медали за Македонија на Светски и Европски првенства , К1 Премиер Лиги Балкански првенства.Заради нашите светски резултати на секој од нашето семејство Австралија ни понуди иселеничка виза за врвни достигања во спорт а нашите керки близначки добијаа две годишна олимписка стипендија од АИС- Австралиски Институт за Спорт и се првите во Австралија кои за карате беа спонзорирани од владата на Австралија.

Тие се единствените сестри во историјата на Светската Карате Федерација кои успеаа да се сретнат во финале на Светскиот Куп во Атина 2013 година,каде за Македонија освоија злато (Маријана) и сребро (Мишела) и 2013 беа прво и второ рангирани на Светската ранг листа. Покрај другите медали имаат освоено и сребрен медал од Светско Првенство Индонезија 2015 што е сеуште единствениот сребре медал од официјално Светско првенство за Македонија како и два бронзени медала од Европските првенства во Лисабон-Португалија и Лимасол -Кипар. Заедно имаат освоено 10 медали од Светските Купови за Јуниори и Јуниори У21, 11 медали од Светските К1 Премиер Лиги од кои 6 за Македонија и пет за Австралија,и околу 30 медали од Балканските првенства каде се сретнаа во финале на Балканските првенства во Атина 2010, Дубровник 2015, Херцег Нови 2017, Ларнака 2011...

Јас бев селектор на карате репрезентацијата на Македонија 16 години, и сега веке седум години сум селектор и национален тренер на Австралија, бев и првиот судија од Македонија кој се стекнал со Светска судиска лиценца.Во 2023 на Светското првенство во Будимпешта добив награда сребрена значка од претседателот на Светската Карате Федерација за 20 годишно судење на светските првенства, што е исто така своевиден упсех бидејки сум првиот Македонец кој добил ваква награда). Мојата сопруга Елизабета е првата жена од Македонија која положи за Светски судија во борби и заедно ја претставуваме Македонија на многу Европски и Светски првенства, а исто така од 2017 ја претставувавме Австралија на Светските првенства како судии во Мадрид и Будимпешта како и на Премиер Лигите во Јапонија, Индонезија, Турција, Хрватска, Нов зеланд ..Нашите керки се шест години шампиони на Австралија во сениори и континентални прваци на Океанија .

Имаат 5 медали од Океанија шампионатите. А во 2018 се сретнаа во финале на континенталното првенство во Нов Зеланд. За Австралија имаат освоено две сребра и три бронзи на К1 Премиер Лигите во Дубаи, Салзбург, Шангај, Истанбул...

Мишела освои сребро прво и се уште единствено за Австралија на Светскиот Куп во Умаг 2018 Маријана освои бронза но во 2017 година.

За нив пишуваше и познатиот Сандеј Тајмс. Живееме во Перт каде имаме три наши школи за карате, Ронин Карате . www.ronikarate4u.com.au

Ова е накратко, а во прилог ви испракам фотографии и линкови , доколку сте заинтересирани да ви бидеме гости во некоја од васите емиссии на вашата тв со задоволство би ја разкажале нашата приказна . Ние ке бидеме во Македонија од 14 - 20 Јуни, стои во маилот на Димовски до Канал 5 .

Баерн Минхен подготвува огромна сума за Френки де Јонг

 Раководството на Баерн Минхен ќе се обиде да го привлече играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, пренесе „Скај“.

Шефовите на баварците за него подготвиле 75 милиони евра.

Минатото лето Барселона сакаше да го продаде Френки Де Јонг поради финансиски проблеми, но играчот од средниот ред сепак остана во тимот.

Се наведува дека раководството на тимот од Минхен веќе стапил во контакт со претставниците на Де Јонг за да ги дознаат условите на самиот играч.

Барселона би била подготвена да го продаде холандскиот репрезентативец во договор со слични финансиски параметри.

За Барселона најголем проблем е високата плата и поради финансиски проблеми на лето ќе мора повторно да продава играчи.

притисни ентер