Седми хорски фестивал во Охрид

Во организација на Охридскиот хор од денеска до 25 август ќе се одржи 7. Хорски фестивал на кој се пријавени 34 хорови од 13 европски земји.

Фестивалот има ревијален и натпреварувачки дел кој опфаќа неколку категории. Пријавените хорови ќе се претстават на натпреварувачки концерти, концерти на духовна музика, поп и фолк концерти.

Жирито го сочинуваат Марчин Томчакод од Полска, Јасенка Остојиќ од Хрватска, македонецот Запро Запров, Себастјан Врховник од Словенија и Дарина Чакарова од Бугарија.

Концертите ќе се одржуваат во дијамантската сала на хотелот „Инекс Горица“ и црквата „Св. Софија“, а во состав на отворањето хоровите ќе изведат кратка програма на отворено.

ОН: Речиси 5,9 милиони деца во Нигерија се соочуваат со криза со храна и неухранетост

Обединетите нации објавија дека 5,9 милиони деца во североисточна Нигерија се соочуваат со сериозна криза со храна и неухранетост.

Во Абуџа, главниот град на Нигерија, ОН организираа настан наречен „План за безбедност на храната во сушната сезона 2024 година“.

Координаторот на ОН за хуманитарна помош за Нигерија и резидентен координатор Мохамед Фол, говорејќи на отворањето на програмата, рече дека сојузните држави Адамава, Борно и Јобе во североисточниот дел на земјата биле погодени од „терористички инциденти“.

Фал рече дека 5,9 милиони деца во тие сојузни држави се соочуваат со сериозна криза со храна и неухранетост, што е најголема бројка во светот.

-Исто така, околу 700.000 деца на возраст под пет години се неухранети во сојузните држави Адамава, Борно и Јобе, посочи тој.

Фал истакна дека за реализација на овогодинешниот проект е потребен фонд од 306 милиони долари, наменет за 2,8 милиони луѓе, за да се спречи кризата со храна и неухранетост во земјата да се претвори во катастрофа.

ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа

Европската унија денеска го повика Израел „веднаш“ да ја прекине својата воена операција во градот Рафа во Појасот Газа, предупредувајќи дека доколку не го стори тоа ќе ги поткопа врските со блокот. 

„Доколку Израел продолжи со својата воена операција во Рафа, тоа неизбежно ќе стави силно оптоварување на односите на ЕУ со Израел“, се вели во изјавата објавена во името на ЕУ од нејзиниот шеф за надворешна политика Жозеп Борел.

Поради дефект со намален притисок на вода корисниците од Волково

 Поради уличен дефект од Ф - 100мм на ул. „Борис Бојаџиски“ 47 во населба Ѓорче Петров, со намален притисок на вода ќе останат корисниците од Волково.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје - на отстранување на дефектот ќе се работи од 10:15 часот до негово санирање.

притисни ентер