Се запали возило „пинц гауер “во кругот на МВР, пожарот изгаснат

Претпладнево во кругот на МВР избил пожар, во кој од засега непознати причини било опожарено полициско возило од марката Пинц Гауер. Пожарот набргу бил изгаснат, соопштија од полицијата.

Според МВР пожарот избил во десет часот во кругот на министерството, а возилото било во делот кај бензиската пумпа.

Пожарот веднаш бил локализиран по интервенцијата на полицијата и противпожарните екипи, и полицијата изврши увид на лице место врз опожареното возило.

Причините за тоа како се запалил „ Пинц гауерот“ дополнително се утврдуваат.

Инаку, пинц гауерот како теренско возило се користи за превоз на луѓе, најчесто за превоз на припадниците на специјалните единици.

Драма во Грција: Ќерка до смрт го претепа татко си на Голема Сабота

Жена (49) е уапсена на грчкиот остров Самос под сомнение дека утрово до смрт го претепала својот татко.

Се сомнева дека жената со некаков алат го нападнала таткото и му задала бројни удари кои биле фатални за несреќниот маж, објави Катимерини.

Засега не се знае мотивот за убиството.

Лондонскиот градоначалник Садик Кан со историски резултат на изборите

Актуелниот градоначалник на Лондон освои рекорден трет мандат како прв човек на британската престолнина.

Кан освои историски трет мандат со сите 14 изборни единици во Лондон објавени досега, пренесува Sky News.

Тој ја доби довербата на 43,7 отсто од гласачите.

Неговата конзервативна ривалка Сузан Хол освои 32,6%.

Излезноста била 40,5%.

Во Лабуристичката партија имало стравувања дека резултатите од гласањето ќе бидат многу поблиски поради загриженоста за слабиот одѕив.

Сепак, Кан собрал 1.088.225 гласови, наспроти 811.518 на Хол.

Кан сега е првиот човек кој освоил трет мандат како градоначалник на Лондон.

Православните христијани ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението

Православните христијани денеска ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението...

Верниците ги прават последните подготовки, а се подготвуваат и црквите во земјава...

Пред Соборниот храм е Дејан Трајкоски, какви се обичаите за денешниот ден и од колку часот треба да почне вечерната литургија?

притисни ентер