Се запали Ламборџини од 300 000 долари среде Бостон (ВИДЕО)

Во центарот на Бостон се запали Lamborghini Huracan Performante, а несекојденвниот настан привлече бројни минувачи , кои немо гледаа како само за неколку минути изгоре луксузниот автомобил.

Инцидентот , во кој нема повредени се случи во петокот попладне на улица во близина на јавната библиотека во Бостон .Луксузниот автомобил , вреден над 300 000 долари изгоре за неколку минути и покрај интервенцијата на пожарникарите.

Тие допонително го оштетија автомобилот , зашто го расекоаз а да порверат дали внатре тлее оган.

Бројни минувачи го фотографираа и снимаа несекојдневниот инцидент , за што сведочат социјалните мрежи.

Летово во САД се самозапали уште еден Ламборџини од истата серија и тоа на бензинска пумпа.

Моделот Huracan Performante дебитираше на саемот за автомобили во Женева во 2017 година. Автомобилот за погон користи 5,2 литарски V10 мотор со 631кс и 600 Нм момент на вртење, со што од 0-100 километри на час постигнува за само 2,9 секунди.

Почетната цена на овој автомобил во САД е 274 390 долари.

Единствената Авганистанка во дипломатска служба шверцувала 25 килограми злато

Авганистанката Закија Вардак, генерален конзул во Мумбаи, Индија, која била назначена пред талибанците да ја преземат власта во 2021 година, единствената жена во земјата во дипломатската служба, поднесе оставка.

Авганистанката Закија Вардак, генерален конзул во Мумбаи, Индија, која била назначена пред талибанците да ја преземат власта во 2021 година, единствената жена во земјата во дипломатската служба, поднесе оставка по извештаите дека била приведена поради наводен шверц на злато.

Вардак вчера објави дека дала отказ на својот официјален профил X (Твитер), откако минатата недела индиските медиуми објавија дека била накратко задржана на градскиот аеродром поради наводно шверцување на 25 златни прачки, тешки по еден килограм од Дубаи. Според информациите на индиските медиуми, таа не била уапсена поради дипломатскиот имунитет.

Во изјавата Вардак не ги спомнала наводите за шверц на злато, но истакнала дека длабоко жали што како единствена жена во авганистанската дипломатија, наместо да добие конструктивна поддршка за да ја задржи својата позиција, се соочила со бранови организирани напади насочени кон уништување.

„Во текот на изминатата година наидов на бројни лични напади и клевети насочени не само кон мене, туку и кон моето потесно семејство и роднините“, додаде таа.

Вардак истакнала дека нападите „сериозно влијаеле на нејзината способност за ефективно работење и ги покажале предизвиците со кои се соочуваат жените во авганистанското општество“.

Министерството за надворешни работи на Талибанците не одговорило веднаш на повиците на агенцијата за коментар за оставката на Вардак.

Шок на плажа во САД: Луѓе мирно се шетаат, кога пред нив принудно слета авион (ВИДЕО)

Едномоторниот авион „Цесна 152“ слета на плажата Седар во градот Маунт Синај во средата околу 19:30 часот по локално време.

Шеесетгодишниот пилот пријавил дека авионот имал дефект на моторот пред да слета на плажата, пред изненадените луѓе кои шетале и уживале во зајдисонцето, јавува ABC7.

При слетувањето, авионот за малку ќе се превртел, бидејќи предниот дел удрил во песок.

Пилотот и неговата сопатничка, 59-годишна жена, не се повредени. Повредени нема ниту на плажата.

ФАА ќе го испита инцидентот.

Огромна скулптура на хот дог се појави на Тајмс Сквер во Њујорк (ВИДЕО)

Тајмс Сквер во Њујорк е место каде што може да се види навистина сè - од необични луѓе до чудни уметнички инсталации, а една таква неодамна се појави на плоштадот.

Станува збор за необична, џиновска скулптура на хот-дог долг речиси 20 метри - со малку сенф одозгора. Но, тоа не е сѐ. Како оваа инсталација да не е доволно чудна сама по себе, секој ден напладне се дига во воздух и од неа летаат конфети.

Станува збор за скулптура која ја создале двајца уметници од Бруклин, Џен Катрон и Пол Аутлау, а со неа сакале да му оддадат почит на сето она што го симболизираат хот-догот. Во интервју за The Art Newspaper, Катрон ја објаснил симболиката на ова уметничко дело.

„Историјата на хот-догот и како се прави, како стигна до каде што е денес, тоа е навистина вистинска американска приказна - од луѓето кои го прават и луѓето што го јадат, до луѓето кои профитираат од него. Сето тоа завиткано во ова јадење кое е вкусно, но и забавно и глупаво во исто време“, вели Катрон.

@timessquare.nyc And the weiner takes all! 🌭 ‘Hot Dog in the City’ by artist duo Jen Cantron and Paul Outlaw is finally in #TimesSquare 🌟 If you missed the unveiling, you can always ketchup! ‘Hot Dog in the City’ will be on view until June 13, 2024 @ Broadway and 46th St with a confetti pop daily at 12pm. We have more exciting hot dog events to come! #NYC #HotDogInTheCity #HotDog #PublicArt #FreeEvents #NYCEvents ♬ original sound - Empire State Building

Заедно со скулптурата со хот-дог се одржуваат различни настани, меѓу кои и натпревар во јадење хот-дог, како и натпревар за најубаво куче, а скулптурата на хот-дог ќе биде на Тајмс Сквер до 13 јуни.

притисни ентер