Се заглавила со автомобил меѓу две рампи, технологија ја спасила од сигурна смрт

И покрај тоа што црвеното светло сигнализирало дека рампите за ниво на премин ќе се затворат, возачот реши да го игнорира сигналот и да ја премине пругата.

Тоа се случило во близина на градот Алтенбамберг во провинцијата Рајнланд-Пфалц, а работите да бидат уште полоши, 39-годишната возачка во автомобилот ги возела нејзините две деца на возраст од 10 и 14 години.

Кога видела дека рампите се затвораат, жената панично реагирала и најпрво истрчала наназад во бариерата, но, се разбира, безуспешно. Притоа, во таа прилика нејзиниот автомобил излетал од патот и се заглавил на пругата.

За среќа, технологијата на ниво на премин препознала дека има нешто помеѓу бариерите и автоматски испратила сигнал до машиновозачот. Тој веднаш реагирал и го забавил возот, кој на местото на инцидентот пристигнал со намалена брзина.

Железничарите веднаш излегле на терен и ѝ помогнале на преплашената возачка, која - според полицијата - најверојатно ќе добие неколкумесечна забрана за возење и парична казна.

Тоа е уште едно предупредување дека сигнализацијата на премините никогаш не треба да се игнорира: подобро е да застанете дури и една минута пред да се спушти рампата отколку да се најдете во ситуацијата во која се наоѓа споменатата Германка.

Ковачевски: На 8-ми мај да го спречиме ВМРО повторно да го донесе режимот

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласањето на 8-ми мај и да ги поддржат кандидатските листи на Коалицијата за европска иднина.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласањето на 8-ми мај и да ги поддржат кандидатските листи на Коалицијата за европска иднина, бидејќи тоа е единствен начин да се спречи ВМРО ДПМНЕ повторно да го донесе режимот.

„Немајте дилема дека ништо во оваа земја нема да се помести ни милиметар напред со ВМРО. Ги знаеме дека се добри глумци. Ќе глумат дека работат, а во реалноста нема ништо да се смени. Го гледавме тоа со Груевски 11 години, знаеме како изгледа. Последно нешто што сакаме е лоша и евтина реприза на неговото владеење“, рече Ковачевски за време на својот говор на вечерашниот митинг во Кочани.

Тој истакна дека СДСМ е единствената политичка партија која без оглед на сѐ, никогаш нема да се откаже од инклузијата, карактеристика која константно придонесува мултиетничкиот карактер на Македонија да биде наша предност и адут, а не камен на сопнување. Ги повика Мицкоски, Силјановска – Дафкова и Ахмети да престанат со опасните наративи, кои лесно може да предизвикаат етничка нетрпеливост.

„Граѓаните знаат дека на сите нѝ треба европска иднина, а не враќање 20 години во закопаното минато. Престанете со препукувањата, со скандирањата и заканите. Тие никому не носат добро. Имаме морална должност кон себе си, кон нашите деца и идните генерации, да се „препукуваме“ со идеи и проекти, а не со закани и заплашувања. Нашите гласачи очекуваат издржани решенија и активности, не скандирања, навреди и недостоинствен однос“, порача Ковачевски.

Лидерот на СДСМ ги повика граѓаните, пред да гласаат в среда, добро да размислат кој заслужува да ја води државата. Порача дека единствено СДСМ и коалицијата имаат јасен план за подобра европска иднина за сите, се наведува во партиското соопштение.

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како политичка сила

“На 8 мај само вие, со моќта на вашиот глас одлучувате во каква држава ќе живееме сите, ве повикувам на масовен одзив на двојните избори, на активно учество во креирањето на сопствената иднина.“

“На 8 мај само вие, со моќта на вашиот глас одлучувате во каква држава ќе живееме сите, ве повикувам на масовен одзив на двојните избори, на активно учество во креирањето на сопствената иднина бидејќи во демократијата најчесто гласовите на оние кои не излегуваат на гласање го одредуваат победникот. На дофат ни е членството во Европската унија, не дозволувајте да не тргнат од тој пат, алтернативата на тој пат е погубна за Македонија. И сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат и да не забораваме дека секогаш најтешките битки ги водел СДСМ, од осамостојувањето до денес, рече вечерва во Кочани Сања Лукаревска, носителка на листа на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во третата изборна единица.

СДСМ е одговорна, граѓанска, државотворна партија. Секогаш сме тука и за државата и за граѓаните и во добро и во лошо, тоа е патриотизам, како што е патриотизам да ја преземете одговорноста за тешките одлуки во тешки времиња, рече Лукаревска.

“ Немам намера да ги покривам или минимизирам нашите пропусти, не ги сокриваме под тепих и не ги подметнуваме на друг и никогаш не сме дозволиле државата да биде на коленици, никогаш. И во оваа изборна програма наш приоритет над приоритетите е стабилна, безбедна, сигурна и просперитетна Македонија чии граѓани ќе имаат предвидлива, спокојна иднина. Следете нè, не се откажуваме, тргнавме по патот на трпението, пат без насилство, со разум, со работа и дијалог до богата држава со задоволни граѓани и затоа на 8 мај, заедно, за број 1 и во Кочани и во третата изборна единица и во целата држава”, се наведува во паертиското соопштение.

Ковачевски: Најлесно е да се гласа ПРОТИВ, само со глас ЗА може да одиме напред кон просперитет

Само доколку во среда, на 8-ми мај, гласаме ЗА, може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашниот митинг во Кочани.

Им порача на граѓаните дека најлесно е да се гласа против власта, но потенцираше дека овие избори се клучни за иднината на државата и нејзините евроинтеграции, и затоа дојдено е време кога треба да се гласа ЗА.

„Гласот ПРОТИВ за некого можеби значи „казна“, но верувајте, во исто време ги казнувате и сопствените деца. Гласањето ПРОТИВ како еден вид краткорочна казна со себе носи опасност да има долгорочни последици за државата. И тоа не смееме да го заборавиме. Затоа, од тука, од Кочани, подаваме рака на сите прогресивни и демократски сили, на 8-ми мај заеднички да дадеме поддршка на идејата за европска Македонија“, рече Ковачевски.

Тој истакна дека СДСМ е современа, прогресивна партија и единствена политичка сила која вистински може да ја однесе Македонија во Европската Унија и да изгради држава со европски стандарди и вредности.

„Мора да има конечна и одлучна борба против злоупотребите, неправдите и системската корупција од која не можеме да кренеме глава повеќе од 30 години. Од тоа нема да отстапиме. Ќе воведеме ред, еднаквост и правда за секој подеднакво, без разлика дали е премиер, министер, пратеник, директор или обичен граѓанин. Или ќе го направиме тоа или нема да нè биде.“

Лидерот на СДСМ ги повика граѓаните на 8-ми мај да гласаат ЗА претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски и ЗА кандидатските листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина,се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер