Се судрија две неутронски ѕвезди- НАСА прв пат забележа создавање на тешки елементи

Судирот на две неутронски ѕвезди оддалечени околу милијарда светлосни години создал ретки тешки елементи, според резултатите добиени од тим научници со помош на повеќе вселенски и копнени телескопи.

Судирот на две неутронски ѕвезди оддалечени околу милијарда светлосни години создал ретки тешки елементи, според резултатите добиени од тим научници со помош на повеќе вселенски и копнени телескопи, вклучувајќи ги Џејмс Веб, Ферми и Свифт, објави НАСА на својата веб-страница.

Неверојатно светлата експлозија на килоновата GRB 230307A е забележана и утврдена дека е предизвикана од судир на неутронска ѕвезда. Податоците собрани од Џејмс Веб им помогнаа на научниците да го откријат хемискиот елемент телуриум по експлозијата.

Други елементи блиски до телуриумот во периодниот систем, како што е јодот, најверојатно се присутни во материјалот исфрлен од килоновата. Килонова е експлозија која е предизвикана или од судир на две неутронски ѕвезди или од судир на неутронска ѕвезда со црна дупка.

- Повеќе од 150 години откако Дмитриј Менделеев го направи периодниот систем на елементи, конечно сме во позиција да видиме како се создаваат, благодарение на телескопот Џејмс Веб - рече Ендрју Ливан од Универзитетот во Радбод во Холандија и Универзитетот во Ворвик во Британија.

Долго време се сметаше дека судирите на неутронските ѕвезди се идеални „шпорети под притисок“ за создавање на некои од најретките елементи потешки од железото, но досега имаше пречки за докажувањето на тоа.

Килоновите се исклучително ретки, поради што е тешко дури и да се забележат. Случајот на килонова GRB 230307A за прв пат е забележан од Ферми во март, што го прави вториот најсветлен излив на гама-зраци забележан во половина век. Тој беше околу 1.000 пати посилен од типичниот излив на гама-зраци снимени од Ферми. Тоа траеше 200 секунди, што е многу долго.

Благодарение на можностите на телескопот Џејмс Веб, научниците успеаја да ја идентификуваат локацијата на двете неутронски ѕвезди - спирална галаксија оддалечена 120.000 светлосни години од местото на судирот.

Студија за ова е објавена во списанието Nature.

Русија започна вежби со тактичко нуклеарно оружје

Руските сили ја почнаа првата фаза од вежбите кои вклучуваат „практична обука за подготовка и употреба на нестратегиско нуклеарно оружје“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Претседателот Владимир Путин ги нареди вежбите претходно овој месец. Москва ги поврза со, како што ги нарече, „милитантни изјави“ на западните официјални лица за кои рече дека претставуваат безбедносна закана за Русија.

Руското Министерство за надворешни работи ги цитираше коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој ја покрена можноста за испраќање европски сили да се борат против Русија во Украина, и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој рече дека Украина има право да користи оружје обезбедено од Лондон за напад на цели во Русија.

Безбедносните аналитичари велат дека вежбата е предупредување на Путин до Западот повеќе да не се вклучува во војната во Украина, на која ѝ испорачува оружје и разузнавачки информации, но се воздржаа од испраќање војници.

Министерството за одбрана соопшти дека во првата фаза од вежбата се вклучени ракетите Искандер и Кинџал.

Вежбите се одржуваат во Јужниот воен округ на Русија долж украинската граница и делови од Украина кои се под контрола на Русија.

Белорусија, каде Русија распореди тактичко нуклеарно оружје минатата година, исто така ќе биде вклучена во вежбите, соопштија двете земји.

Тактичкото или нестратешкото нуклеарно оружје е помалку моќно од стратешкото оружје дизајнирано да збрише цели непријателски градови, но сепак има огромен деструктивен потенцијал.

Ѓорѓиевски: “Вардар” мора да постои - обезбедена поддршка за баражот

За ФК “Вардар” пред најважниот натпревар оваа сезона, е обезбедена финансиска поддршка од градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски. 

На денешниот тренинг на тимот тој лично на “Вардар”, Вардарци и Комити им даде збор дека за многу брзо време работите ќе се променат на подобро, и “Вардар” никогаш повеќе нема да биде во оваа ситуација.

-“Вардар” е душата на Скопје и како еден од нив, ќе го дадам и последниот атом од мене за да се одржи клубот. Како и во минатото, така и сега во пресрет на баражот во недела, обезбедени се финансиски средства за да опстои нашата гордост. “Вардар”, Вардарци и Комити не се оставени сами на себе. Мојата подадена рака ќе стои секогаш тука за нив. И да, ќе одиме на врвот - таму каде што припаѓаме! А во една блиска иднина, за многу брзо време кога работите ќе се променат на подобро, “Вардар” никогаш повеќе нема да биде во оваа ситуација. Го имате мојот збор!

Се гледаме во недела, во 17 часот на стадионот во Струмица.ФК ВАРДАР : ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА! За Вардар, за нашето славно минато и блескава иднина-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој и минатата година, пред историскиот натпревар со Кавадарци му обезбеди финансиска поткрепа на спортската гордост на Скопје, “Вардар”, соопштуваат од општината.

ДИК: Заврши прегласувањето на болните и немоќни лица, затворениците и лица во центрите за грижа

Денес заврши прегласувањето на болните и немоќни лица, лицата кои издржуваат казна затвор и лицата сместени во центрите за вонсемејна грижа а кои припаѓаат на избирачките места каде што се поништи гласањето за парламентарните избори.

Денес заврши прегласувањето на болните и немоќни лица, лицата кои издржуваат казна затвор и лицата сместени во центрите за вонсемејна грижа а кои припаѓаат на избирачките места каде што се поништи гласањето за парламентарните избори спроведено на 8 мај 2024.

Вкупно 45 лица пријавени како болни или немоќни имаа право на глас на избирачките места каде се одвива прегласувањето во Желино, Крушево, Охрид, Долнени и Струга.

На ИМ 2101 во Желино гласале сите 4 лица кои биле запишани како болни или немоќни.

На ИМ 1194 Крушево од 20 запишани лица гласале 18 а на ИМ 1202 Крушево гласале сите 6 запишани лица.

На ИМ 1272 Охрид, правото на глас денес го искористиле двете запишани лица во посебниот извод од Избирачкиот список .

На ИМ 1470 Долнени во кое имаше запишано 7 лица како болни или немоќни и на ИМ 1470/1 Долнени со запишани 2 лица, сите го искористија правото на глас.

На ИМ 1844 Струга, сите 4 лица запишани како болни или немоќни гласаа денес во текот на денот.

Гласањето заврши и за лицата кои се на издржување казна затвор како и за лицата кои се сместени во центрите за вонсемејна грижа.

Сите 5 пријавени лица за гласање во затворите во Прилеп и Шуто Оризари денес гласаа во објектите каде престојуваат, а и двајцата пријавени гласачи во центрите за вонсемејна грижа во општините Карпош и Битола, денес го остварија своето право на глас

Гласањето се одвиваше непречено, без пријавени нерегуларности.

Државна Изборна Комисија

притисни ентер