Се продава Ламборџинито на ДиКаприо од филмот „Волк од Волстрит“ (ВИДЕО)

Се продава познатото бело Ламборџини кое Леонардо ди Каприо го возеше во филмот Волкот од Волстрит.

Ламборџинито се нуди по цена од 1,5 до 2 милиони долари и во состојба во каква беше во филмот. Значи, речиси целосно скршен. Да потсетиме, ликот на Ди Каприо, Џордан Белфорт, удри во скап автомобил откако се предозира со опијати.

Станува збор за модел на Lamborghini Countach од 1989 година за 25th Anniversary, а ќе биде достапен на аукција во Абу Даби следниот месец, за прв пат од 2013 година, кога го видовме на големиот екран. Тоа ќе биде еден од 658 понудени автомобили.

Купувачот на автомобилот ќе го добие и костимот на Леонардо од филмот, режисерското столче потпишано од режисерот Мартин Скорсезе, од Леонардо и од Маргот Роби.

Ковачки: Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните

За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, и Македонија горда, достоинствена.

За два дена од денеска, во среда се гласа.

За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, опустошена, опљачкана и Македонија горда, достоинствена, Македонија која што се гради и во која што важат законите за сите подеднакво.

Затоа од овде, од патриотско Карбинци повикувам на сплотеност, на обединетост, на семакедонско единство, на сеопштествено единство, на национално единство.

Да бидеме горди и да бидеме достоинствени. Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните.

Ве повикувам сите заеднички да излеземе и да гласаме за бројот 2.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција

Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, северозападна Турција.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ најверојатно експлодирала плинска боца.

Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци

Скопјанец рано утринава пријавил дека со двајца штипјани биле физички нападнати во угостителски објект во Кавадарци, информираат од СВР - Велес.

- Во 04.40 часот во ОВР Кавадарци, Т.Ц., 22-годишен скопјанец, пријавил дека пред и во угостителски објект во градот, тој и Н.Н., на возраст од 24 години и Ф.А., на 25-годишна возраст, двајцата од Штип, биле физички нападнати од неколку машки лица, појаснуваат од СВР - Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

притисни ентер