Се прашуваа зошто ја остави Моника Белучи , а сега добија одговор (ФОТО)

Актерот Винсент Касел, кој претходно беше во брак со италијанската актерка Моника Белучи, сега ужива на плажа во Рио Де Женеиро со својата помлада сопруга, манекенката Тина Кунакеј.

53-годишниот актер е снимен на плажа со атрактивната помлада сопруга Тина и нивната ќерка Амазонија додека играа во песокот .

Кунаки (22) ги измами погледите во минијатурен костим за капење, но и Касел беше во добра форма, па ги покажа плочките на стомакот.

Касел од бракот со Моника Белучи има две ќерки, Дева и Леони. Двојката беше во брак 14 години, а се разведоа во 2013 година.

Актерот се запозна на Ибица со младата Тина Кунакеј. Тие се венчаа во 2018 година по две години заедно, а една година подоцна ја добија и нивната ќерка Амазонија.

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

Францускиот парламент ќе ја испита сексуалната злоупотреба во киното

Францускиот парламент денеска се согласи да формира истражна комисија за да ги испита актите на сексуална злоупотреба и напади во киното и другите културни сектори по неколку неодамнешни обвинувања.

Националното собрание, или Долниот дом, едногласно се согласи со предлогот изнесен од актерката Џудит Годреше, која ги обвини режисерите Беноа Жак и Жак Дојон дека сексуално ја нападнале кога била тинејџерка. И двајцата ги отфрлија обвинувањата. /МИА

притисни ентер