Се омажи ќерката на Михаел Шумахер на раскошна свадба на Мајорка (ФОТО)

Џина Шумахер (27), ќерка на легендарниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер (55), се омажи за долгогодишниот партнер Иан Бетке (28) вчера попладне на голема свадбена прослава во Мајорка, опкружена со семејството, пријателите и блиските познаници.

Двојката е заедно седум години, а се вериле во летото 2023 година. Иан, син на менаџер по англиски јазик и германски професор, е поранешен возач на скокови со шоу, но поради Џина се префрли на вестерн возење.

За време на нивната врска, Иан се преселил прво во Швајцарија, а потоа во Америка, каде парот сега го поминува поголемиот дел од своето време на семејниот ранч во Тексас. Џина редовно се натпреварува на големи турнири, додека Иан раководи со ранчот.

Свадбата се одржа на имотот на семејството Шумахер во Мајорка, во опуштена атмосфера, на отворено во прекрасна градина полна со палми во Порт д'Андраткс. Церемонијата започна во 16:00 часот, кога гостите влегоа во градината и се сместија околу белиот павилјон. Точно во 16:45 часот Џина и Иан си го кажале судбоносното „да“, а во 16:47 си размениле прстени.

Џина блесна во венчаница „Petal“ во боја на слонова коска на брендот Blue by Enzoani, вредна околу 3.000 евра, комплетно украсена со цветна тантела. Додаде аксесоари со златна картие нараквица, додека Иан изгледаше понежно во темен костум со риги со сив елек и вратоврска.

Свадбената прослава ја организираше познатиот готвач Макарена де Кастро, која беше задолжена за сите детали со својот тим од компанијата „Jardines Events“. Нејзината фирма е ангажирана и за други престижни настани, како што е свадбата на тенискиот шампион Рафаел Надал и шпанското кралско семејство.

Имотот на семејството Шумахер во Мајорка зафаќа над 15.000 квадратни метри и располага со раскошна главна куќа, базени и помошни згради. Го купила Корина Шумахер во 2018 година, а претходно беше во сопственост на Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид.

Иако Михаел Шумахер не е виден во јавноста по несреќата на скијање кон крајот на 2013 година, се верува дека тој често патува со хеликоптер од Швајцарија до имотот на неговото семејство во Шпанија, каде што има приватна хелиодром. Дали бил присутен на свадбата на неговата ќерка? Многу веројатно, иако не меѓу гостите, секако се почувствувал неговиот придонес и присуство на овој значаен ден.

СВР-Битола апелира граѓаните утре да се воздржат од користење возила кон Пелистер

СВР-Битола во соопштение до јавноста упати апел до граѓаните утре да се воздржат од користење на сопствени возила доколку имаат намера да престојуваат во Националниот парк Пелистер.

Во пресрет на утрешната хуманитарна манифестација „Имам куќа на Пелистер“ што ја организира Јавната установа Национален парк „Пелистер“, од СВР Битола посочуваат да се користи бесплатниот автобуски превоз.

-Апелираме граѓаните да се воздржат од беспотребно користење на патничко моторни возила на патниот правец што води кон Пелистер бидејќи од страна на организаторот е обезбеден бесплатен автобуски превоз. Автобусите ќе поаѓаат во 10:15 часот од пред автобуските станици Атпазар, Шехерезада, Црн Мост, Довлеџик, Спортска сала, Болница и Нов пазар, а враќањето ќе биде во 15:30 часот. Сите учесници во сообраќајот да ги следат насоките на полициските службеници, соопштија од СВР Битола.

Од СВР Битола посочуваат дека и граѓани од околните градови, да го користат бесплатниот јавен превоз со цел да се избегне сообраќаен метеж.

Почина поранешниот англиски репрезентативец Истхам

 Џорџ Истхам, поранешниот фудбалски репрезентативец на Англија со која го Светското првенство во1966 година, почина на 89-годишна возраст, соопшти денеска неговиот поранешен клуб Стоук.

„Фудбалскиот клуб Стоук Сити е бескрајно тажен поради смртта на клупската легенда Џорџ Истхам. Тој ќе остане запаметен како човекот чиј гол ни донесе победа над Челзи во финалето на ФА Купот во 1972 година“, се вели во соопштението на поранешниот клуб на Истхам.

Во својата кариера, меѓу другото, играше и за Арсенал и Њукасл, а во 1973 година беше награден со Орден на Британската империја за придонес во фудбалот.

За англиската репрезентација Истхам одигра 19 натпревари.

Новата влада во Сирија го именуваше Асад Хасан ал Шабани за министер за надворешни работи

Новата влада во Сирија го именуваше Асад Хасан ал Шабани за министер за надворешни работи на привремената влада, соопшти командата на обединетите вооружени сили на опозицијата, кои воспоставија контрола над Сирија, цитирана од агенциите.

Назначувањето доаѓа во контекст на напорите на новите владетели да изградат односи со меѓународната заедница две недели по падот на режимот на претседателот Башар ал Асад.

Шабани има 37 години и дипломирал на Универзитетот во Дамаск. Тој претходно го предводеше политичкиот оддел на бунтовничката влада во северозападната сириска провинција Идлиб, соопшти командата.

На 8 декември, по 13-годишна граѓанска војна, сириските бунтовници го зазедоа Дамаск и го принудија Асад да побегне, ставајќи крај на децениското владеење на неговиот клан.

Силите под команда на Шара - попознат како Абу Мохамед ал-Џавлани назначија преодна влада за период од три месеци, што е практично иста со која досега владееше со бунтовничката енклава во северозападната провинција Идлиб.

Во 2013 година Вашингтон го означи Шара за терорист и во тоа време посочи дека Ал Каеда во Ирак му поставила задача да го собори режимот на Асад и да воспостави шеријатско владеење во Сирија. Вчера, американските власти рекоа дека САД ќе се откажат од наградата од 10 милиони долари за неговата глава.

Во меѓувреме, Катар повторно ја отвори својата амбасада во Дамаск. Денеска пред зградата на дипломатската мисија беше подигнато знамето на Емиратите.

Така, Катар стана втората земја по Турција која ја обнови работата на својата амбасада во Сирија по доаѓањето на власт на бунтовничката коалиција предводена од исламистите, која го собори Асад.

притисни ентер