Се одржа првото Државно првенство за ветерани во џудо

Првото Државно првенство за ветерани во џудо во историјата на Македонија ги врати македонските џудо ветерани, поранешни шампиони, актуелните тренери и долгогодишни вљубеници во џудото на татамите.

Обединети од желбата заеднички да помогнат во промоцијата на македонското џудо, особено кај помладите, ветераните понудија сосема интересни борби, со многу атрактивни потези, кои дополнително ја зголемија атмосферата во спортската сала „Ристе Ристески - Ричко" во Прилеп.

Маке Спиркоски беше најдобар во категоријата до 81 килограм, Киро Здравески заврши како втор, додека Диме Џагадуроски беше третопласиран во оваа тежинска категорија. Во категоријата до 90 килограми триумфираше Горан Мицковски пред Рубин Пеески и Никола Божиновски. Во најтешката категорија, за џудисти над сто килограми првото место му припадна на Марјан Колев, втор беше Дејан Џикоски, а трет заврши Мето Ангелов.

„Како претседател на натпреваувачката комисија се радувам што еве и оваа старосна категорија доби Државен натпревар и секако во иднина масовноста ќе биде значително зголемена и сакам да го поздравам иницијативниот одбор на ветераните од градот Прилеп на чело со претседателот на одборот Киро Здравески кои со своите активности во изминатиот период придонесоа за реализација на иницијативата и одржување на првото Државно првенство за ветерани" - рече меѓу другото претседателот на натпреварувачката комисија Никола Божиновски.

Покрај Државното првенство за ветерани, на 14 април, во Прилеп се оддржа и редовното Државно првенство за кадети и кадетки.

Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. /МИА

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

притисни ентер