Се одбележува Денот на шегата

Денот на шегата - 1 Април денеска ќе биде одбележан со повеќе настани. Познат е како ден кога се прават шеги, а традиционално најмладите се маскираат со ликовите на омилените јунаци од цртаните филмови и се бираат најдобрите маски.

Речиси во секоја општина се организираат манифестации со кои се одбележува Денот на шегата. Под слоганот „Маски, смеа, рингишпил- дојди во Шеговил!”, Општина Кисела Вода организира голема забава под маски за најмладите пред салата Расадник каде ќе биде поставен забавен парк со најразлични реквизити, ќе има кловнови и аниматори, а за музичкиот дел ќе бидат задолжени „Поточиња”.

1 Април не е национален празник, но секаде се прославува како ден кога многумина прават разни шеги. Традиционално, во некои земји како Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат до пладне и некој кој прави трикови после пладне го нарекуваат „Априли-ли-ли“ и го исмеваат. Во други земји како Франција, Италија, Јужна Кореја, Јапонија, Русија, Холандија, Германија, Бразил, Ирска, Австралија и САД шегите траат цел ден. Во Франција и Италија, децата на грбовите еден на друг си лепат риби од хартија на грбот.

Денеска е Денот на шегата

Луѓето низ цел свет на овој ден традиционално се шегуваат едни со други, си играат мајтап и се забавуваат смислувајќи сплетки, но и безопасни лажни вести... Денеска е Ден на шегата.

Така, некаде луѓето се шегуваат цел ден... Но, во некои земји како Обединетото Кралство, Австралија и Јужна Африка, шегите се тераат само до пладне, по правило. Во Франција, Белгија, Холандија, Италија и француското говорно подрачје во Канада и Швајцарија, традицијата на 1 април е позната како „Ден на рибата“. Вообичаена шега тука е невидливо да му се залепи хартиена риба на грбот на жртвата.

Според едно предание, 1 април како Ден на шегата бил создаден кога во 16. век Новата година била поместена од 25 март на 1 јануари. Дотогаш во многу европски градови Новата година се славела на 25 март, а прославата траела седум дена, односно до 1 април. Според ова толкување, оние кои го прифатиле новиот датум за Нова година се шегувале со оние кои сѐ уште го славеле пред 1 април.

Најраната поврзаност меѓу 1 април и правењето шеги сепак се јавува во „Приказните од Кентербери“ на англискиот поет Џефри Чосер од 1392 година.

Во 18. век се сметало дека овој ден потекнува од библиската приказна за Ное. Според една статија од 1789 година, на тој датум Ное првпат го испратил гулабот - прерано.

Од друга страна, пак, и некои настани што навистина се случиле на 1 април, често биле дочекани со неверување - како шега. На пример, Иран го прогласи 1 април за Ден на Републиката во 1979 година, но и до денес, многумина не веруваат дека тоа е вистински празник.

Во данскиот град Албертслунд во 2009 година, училиште за малку ќе изгорело до темел бидејќи пожарникарите не верувале дека првите два телефонски повици се вистински.

САД ја обвинуваат Русија за употреба на хемиско оружје во Украина

Стејт департментот ја обвини Русија дека го користела хемиското оружје „хлорпикрин“ против украинските сили со што ја прекршува Конвенцијата за забрана за употреба на хемиско оружје.

„Употребата на тие хемикалии не е изолиран инцидент и најверојатно е мотивирана од желбата на руските сили да ги отстранат украинските сили од зацврстените позиции и да постигнат тактички напредок на бојното поле“, соопшти Стејт департментот.

Вашингтон вчера објави нов бран санкции насочени кон руски и странски компании и поединци обвинети за вмешаност во руските воени напори за инвазија врз Украина. Покрај руски одбранбени компании и кинески субјекти, санкциите се и на неколку истражувачки единици и компании вклучени во руски програми за хемиско и биолошко оружје. Воведени се санкции за речиси 200 субјекти, а Стејт департментот таргетираше повеќе од 80 во една од најобемните акции против кинески компании досега во санкциите на Вашингтон насочени кон Русија, јавија американските медиуми.

Канцеларијата за контрола на странски средства соопшти дека санкционирала компании со седиште во Кина, Хонг Конг, по повеќекратните предупредувања од Вашингтон за поддршка на руската војска.

Министерството за финансии санкционираше речиси 60 субјекти лоцирани во Азербејџан, Белгија, Кина, Русија, Турција, Обединетите Арапски Емирати и Словачка, бидејќи и овозможија на Русија да ја набави потребната технологија и опрема од странство, заобиколувајќи ги санкциите.

„Министерството постојано предупредуваше дека компаниите ќе се соочат со значителни последици за обезбедување материјална поддршка за Русија во војната во Украина, а САД ги воведуваат денеска за речиси 300 субјекти“, рече министерката за финансии на САД, Џенет Јелен./МИА

Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение

 Вапсањето црвени јајца за Велигден е најраспространетата традиција во сиот христијански свет.

Вапсањето започнува денеска на Велики Четврток. Домаќините, рано наутро, пред изгревањето на Сонцето ги бојадисуваат првите три црвени Велигденски јајца.

- Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христовите ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото Предание. Велигденското јајце е старо колку и Христијанството, вели за МИА професорот на Богословскиот факултет во Скопје, Ратомир Грозданоски.

Објаснувајќи го значењето на црвеното јајце и зошто е земено за традиција, Грозданоски појаснува дека велигденското јајце црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото воскресение. Првите Христијани и современици на апостолите почнале да вапцуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувјаќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина воскресе!

Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во Воскресението. Оваа практика и до ден -денес е запазена во Светото Православие, па верниците со овој поздрав се поздравуваат се до Вознесението Христово, Спасовден.

Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и Христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Бојата на јајцето не потсетува и на крвта Христова и на спасението.

[Новиот коронавирус беше една од темите на денешниот состанок на Светиот синод на Грчката православна црква и соопштуваат дека „причестувањето не може да биде причина за пренесување на болести]

Според хронологијата на Христовите настани забележани во Евангелието се знае дека на Велики Четврток, Господ Исус Христос на Тајната вечера ја востановил Светата тајна Причест (Евхаристија), земајќи ги за основа лебот и црвеното вино, кои се претвораат во Христовото тело и крв. Оваа света тајна – Евхаристијата е дадена за спасение на луѓето, а за основа ја има Христовата крв. Затоа црвената боја, симболизирајќи ја Христовата крв од светата причесна ги украсува и Велигденските јајца.

Како што бојадисаните црвени јајца од Велики Четврток се јасна најава на блискоста до Велигден, така и тогаш, на Велики Четврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне.

– Според Светото Предание, се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносици прва го започнала овој обичај за Велигденските црвени јајца, вели Грозданоски, говорејќи за почетокот на традицијата на вапцување велигденски јајца.

Се вели дека Марија Магдалена наскоро по Христовото вознесение (Спасовден) го напуштила Ерусалим и тргнала по светот да го проповеда Евангелието. Во Рим таа побарала да појде и кај римскиот император Тивериј, со цел да му раскаже на царот за Господа Исуса Христа. На средбата, таа на царот најнапред му подарила едно црвено јајце и го поздравила со зборовите: Христос Воскресе. Потоа му раскажала за се што ги учел Христос, за неговите добри дела и чуда што ги правел на луѓето.

Следејќи го нејзиниот пример, првите христијани започнале да си подаруваат црвени јајца на празникот Велигден и притоа да се поздравуваат: Христос Воскресе – Вистина Воскресе!

Православните христијани на Велигден подарувајќи си црвено јајце еден на друг или кршејќи се со него, всушност го симболизираат Христовото Воскресение и нашето спасение: победата над смртта – смрт на смртта. Затоа, овој обичај е израз на вера во Христовото Воскресение и вера во воскресение на мртвите. Тоа е надежта во спасението и идниот живот. /МИА

Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно

Регионалниот Центар за управување со кризи - Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк - шумата Водно.

Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.

- Од полициската станица - Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.

притисни ентер