СДСМ : Заврши времето на заштита на криминалите, ВМРО-ДПМНЕ да ги остави институциите да ја вршат својата работа согласно законите

Денес надлежните институции работат независно, професионално во интерес на сите граѓани и во заштита на законите и владеењето на правото, се наведува во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ.

Злоупотребата на државните институции за политички прогон на неистомислениците на Никола Груевски беше одлика на 11 годишното криминално владеење токму на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да се обидува да изврши притисок врз институциите коишто постапуваат законски, ВМРО-ДПМНЕ треба да ги остави надлежните непречено да ја вршат својата работа и да спроведат целосна истрага, за во законска постапка да се покаже дали Сокол Митровски направил кривично дело и каква одговорност треба да понесе.

Едно е јасно, времето на селектвиност, протекционизам и заштита на криминалите заврши. Секој оној за кој ќе се докаже дека направил какво било кривично дело ќе мора да се соочи со одговорност пред законот, без разлика на неговата етничка, верска, национална, партиска или каква било друга припадност, се наведува во реакцијата.


Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер