СДСМ: Заврши времето на селективност, правилата важат за сите подеднакво

СДСМ како одговорна партија отсекогаш се залага и ќе се залага за рамноправност, еднаквост и доследно почитување на правилата.

Никој не смее да биде фаворизиран, не смее да има судир на интереси, ниту пак расфрлање со народните пари, нешто што беше одлика на владеењеето на ВМРО-ДПМНЕ. Оттука, повикуваме да се проверат сите постапки и доколку се утврди каква била неправилност или конфликт на интереси, одлуките да бидат ревидирани и исправени.

Наместо да шири измислици и лажни, неосновани обвинувања, додека во позадина бара амнестија за криминалите, ВМРО-ДПМНЕ да одговори како и на кој начин стана најбогата партија во Европа со имот вреден 60 милиони евра додека Македонија тонеше во долгови.

ВМРО-ДПМНЕ, партијата што е симбол на криминал и корупција нема никаков кредибилитет да зборува за јавните набавки, бидејќи токму таа партија бесрамно делеше буџетски пари на партиски членови и послушници, меѓу кои и тендер од над еден милион евра на новинарка и уредничка на два медиума блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста многу добро знае како братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков ја киднапираше целата македонска економија, како двоецот Јанакиески и Груевски договараа провизија од над 25 милиони евра за автопатите, како со милионски суми народни пари се поткупуваа и контролираа бројни медиуми.

Времето на таквото расипничко трошење на парите на граѓаните заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Владата предводена од СДСМ, како никогаш досега донесе модел на фер и транспаренти услови за сите, во кој сите имаат еднаков третман. Средствата повеќе не се делат поради нечија партиска припадност, туку добива оној којшто ги задоволува строгите и јавно објавени критериуми.

На првиот јавен повик од Планот за економски раст Фондот за иновации и технолошки развој додели грантови во висина од 10.5 милиони евра на 79 компании кои имаат вкупно околу 500 вработени и отвораат дополнителни 85 работни позиции.

Истовремено, неточни се шпекулациите на ВМРО-ДПМНЕ за вицепремиерот Кочо Ангушев. Вицепремиерот во целост го испочитува Законот за судир на интереси со стапување на функцијата и се откажа од управувачките функции во компаниите каде што има сопственост, во меѓувреме ја продаде компанијата ЕДС за да се избегне токму судирот на интереси, а целосно транспарентно го објави и анкетниот лист.

ВМРО-ДПМНЕ шири лаги и за тендерот на Министерството за здравство. За конкретниот тендер се уште нема одлука и смешно е да се бара негово поништување, бидејќи тој се уште не е доделен.

ВМРО-ДПМНЕ да не крева паника несоновано, правилата важат подеднакво за сите, а доколку се утврди каква било неправилност или судир на интереси ќе следува ревизија на одлуките. Економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати и тоа го гледаат сите, освен ВМРО-ДПМНЕ којашто останува заробена во матрицата на криминал, корупција и расипништво. /МИА

Екипата од Туминец повторно најуспешна на велигденскиот фудбалски турнир на Општина Пустец

Фудбалската екипа од село Туминец е победник на годинaшниот турнир одржан во Долна Горица, општина Пустец. Младите фудбалери од Туминец беа подобри во финалето против екипата на Горна Горица.

Фудбалскиот турнир организиран од Општина Пустец, традиционално се одржува по повод големиот празник Христовото воскресение - Велигден, кога Македонците, кои живеат и работат во други земји, главно во соседните, се враќаат во родните села.

На турнирот, што годинава беше посветен на Васил Јанкула, кој почина на трети минатиот месец, учествуваa екипи од сите села на општината.

Градоначалникот Пали Колефски ѝ го врачи пехарот на фудбалската екипа на Туминец, предводена од капитенот Драган Вурмо, која повеќе години по ред е победник на велигденскиот фудбалски турнир.

- Најпрво ви го честитам големиот празник, Христовото Воскресение - Велигден, со желби за здравје и благосостојба. Честитки за победата, а и на сите учесници за фер однесувањето на натпреварите. Моја порака и голема желба, е, да продолжиме со оваа убава традиција, посака Колефски.

Сите екипи, учесници, како и досега, соодветно беа наградени од општината.

Мицковски го посети централниот штаб на Вреди

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го посети централниот штаб на Вреди на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, јавува ТВ21.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Фон дер Лајен: ЕУ смета дека Кина ќе изврши притисок врз Русија да ја прекине војната

 Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Европската унија смета дека Кина ќе изврши притисок врз Русија да ја прекине војната против Украина.

„Сметаме на Кина да го искористи сето свое влијание врз Русија за да стави крај на руската агресивна војна против Украина“, рече фон дер Лајен по средбата со кинескиот претседател Кси Џингпинг и францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата.

„Претседателот Си одигра важна улога во деескалацијата на неодговорните нуклеарни закани на Русија и уверена сум дека ќе продолжи да го прави тоа во контекст на тековните нуклеарни закани на Русија“, додаде Фон дер Лајен.

притисни ентер