СДСМ: Страшно, починале 20 бебиња за 6 месеци - СДСМ бара оставка од Таравари

Сериозно загрижувачки се статистиките за смртноста на деца во изминатите шест месеци.

Во втората половина на 2024 година, починале 19 доенчиња и едно петгодишно девојче. Овие трагични бројки отвораат многу прашања за кои јавноста заслужува одговори.

Зошто и како се направени пропустите, каде затајува системот, дали се штитат лекарски грешки?

Особено алармантен е последниот случај со смртта на седуммесечно бебе на Клиниката за детски болести, кое било одбиено за хоспитализација, без да се издаде никакво образложение за причините. Ова е втор ваков случај за само два и пол месеци на Клиниката за детски болести, по трагичната смрт на 14-месечно бебе, кое исто така беше одбиено за болничко лекување. Понатаму, бебе старо само 8 дена донесено од Струмица во многу лоша здравствена состојба, почина од сепса и уште други трагични случаи…

Овие бројки и случаи во здравствениот систем, особено случувањата на Клиниката за детски болести, не смеат да се игнорираат.

Во јавност видовме дека надлежниот инспекторатот во одредени случаи покренал постапки и изрекол казни, но реакциите се задоцнети, тоа не е доволно.

Ниту една казна не може да го врати животот на едно дете! Паричната казна за Клиниката за детски болести и за директорот на клиниката не доволно за тоа што се случува на оваа клиника.

Министре за здравство Таравари, се работи за деца, ова се трагични бројки, заедно со директорот на Клиниката за детски болести Мемеди, треба излезете и да си поднесете оставки.

СДСМ инсистира на темелна истрага, целосна транспарентност и превземање на сериозна одговорност. Потребни се подлабоки анализи и превентивни мерки. Не можеме да чекаме да умираат деца за потоа да реагираме!

Ги повикуваме Министерството за здравство и сите надлежни институции итно да преземат мерки за превенција на ваквите трагедии. Здравјето и животот на најмалите мора да биде врвен приоритет во секој здравствен систем.

Со години, преку вистинска грижа и конкретни мерки, СДСМ успеа значително да ја намали смртноста кај новороденчињата.

Во 2016 година, смртноста изнесуваше 25%, а во 2023 година се намали на 5%.

Неонаталната смртност СДСМ ја намали за 5 пати, во 2015 година изнесувала 6.8% а во 2022 година е намалена на само 1,4%о. Во 2015 година во времето на ДПМНЕ перинаталната смртност изнесувала 12.8%о а во 2022 година е намалена на 6.9%.

СДСМ вложуваше во модерна опрема, инкубатори, респираторни машини, во стручен кадар и друго.

Сега е крајно загрижувачки да гледаме како повторно расте ризикот за новороденчињата и децата. Ја повикуваме власта да не дозволи враќање на старите практики и бројки. Граѓаните заслужуваат здравствен систем кој функционира превентивно, одговорно и во интерес на здравјето на граѓаните и нивните деца. Здравјето на мајките и новороденчињата мора да биде императив!

Прес-конференција, Рената Младеновска, членка на ИО на СДСМ


Скопје, 21 декември 2024

СДСМ

Пентагон соопшти дека е убиен еден од лидерите на „Исламска држава“

Во воздушен напад на силите на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) во сириската провинција Деир ез-Зор бил убиен еден од лидерите на „Исламска држава“, јави синоќа Пентагон.

Нападот бил извршен на 19 декември во регион кој претходно бил под контрола на руски и владини сили на отстранетиот претседател Башар Асад.

Како резултат на ударот биле убиени двајца борци на ИД, вклучувајќи го и Абу Јусиф, еден од лидерите на групата.

Пентагон соопшти дека воздушниот напад е дел од задачите на Централната команда за „попречување и ослабување на напорите на терористите за планирање, организирање и извршување напади врз цивили и војници на САД, нивните сојузници и партнери“.

-Како што веќе беше кажано во активности со сојузниците и партнерите во регионот, Соединетите Американски Држави нема да дозволат ИДИЛ да ја искористи сегашната ситуација во Сирија за своја обнова, изјави командантот на ЦЕНТКОМ, генерал Мајкл Ерик Курила.

ИДИЛ значи „Исламска држава на Ирак и Левант“ и е првичното име на организацијата што подоцна беше скратено во „Исламска држава“ (ИД).

-ИДИЛ посакува да ослободи над 8.000 свои борци кои моментално се во притвор во Сирија. Ќе продолжиме активно да ги следиме овие лидери и борци, вклучувајќи ги и оние кои се обидуваат да извршуваат операции надвор од Сирија.

ИД во различни земји е означена од САД како терористичка организација.

Неделава беа извршени неколку напади на американските сили во Сирија. Во понеделникот, командата објави дека извршила прецизни воздушни напади врз кампови на ИД, при што биле убиени 12 борци.

Од администрацијата на Бајден укажаа дека американската војска во Сирија останува и по падот на режимот на Асад, како дел од мисијата за борба со тероризмот и целосно уништување на ИД.

МВР: Претреси во Тетово и тетовско, пронајдени над 75 000 парчиња пиротехника

 Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и тетовско, при што пронајдени  над 75 000 парчиња пиротехника.

- Денеска во периодот од 09.30 до 14.20 часот полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба извршиле претреси во дом и други простории кај Б.А.(40) во с. Селце, тетовско, како и во дом и други простории кај М.Д. (43) од с. Селце и продавница, како и во три импровизирани тезги во Тетово сопственост на С.М.(35) и М.А.(54) двајцата од Тетово и Ј.Н.(56) од с.Буковиќ, скопско. При претресите се пронајдени 75 889 парчиња пиротехнички средства и 346 килограми тутун, информираат од МВР.

Лицата, информираат од МВР, се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

МВР: Фатени бегалци од затвор

Лицата ќе бидат предадени на надлежните казнено поправни установи.

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потраги во содејство со полициски службеници од СВР Куманово денеска околу 12:20 часот на бул. „Трета Македонска ударна бригада“ во Куманово ги лишија од слобода Е.П. (31) од Скопје и Д.С. (41) од Кочани, кои биле барани поради бегство од затвор.

Како што информират од МВР, Е.П. бил баран по потерница од КПУ Затвор Штип, а бил осуден на затворска казна од девет години за кривично дело по чл.418 од КЗ (криумчарење мигранти) и за доиздржување има шест години, три месеци и 12 денови, додека Д.С. бил баран по потерница од КПУ Затвор Струмица, а бил осуден на затворска казна од седум години за кривично дело по чл.236 ст.1 од КЗ (тешка кражба) и за доиздржување има една година.

Лицата ќе бидат предадени на надлежните казнено поправни установи.

притисни ентер