СДСМ: „Стоп за дезинформациите", е еден од десетте приоритети во владината рамка "Акција 21“

СДСМ како одговорна партија целосно е посветена на спроведување  активности за спротивставување на дезинформации, лажни вести со што ќе се спречат  штетите коишто му ги нанесуваат на нашето општество.

Во рамки на Планот за одлучна акција против ширењето на дезинформациите и против нападите врз демократијата, во периодот пред нас, ќе има засилени активности, широки консултации со медиумските работници и со граѓанскиот сектор, и уште посериозна, поинтенивна борба со дезинформациите, со говорот на омраза и сите други форми на хибридни закани против демократијата.

Со овој План изработен е и протокол за кризни комуникации помеѓу централниот владин комуникациски сервис и министерствата, којшто за време на ковид кризата изминатата година, значително придонесе во сузбивањето на лажните вести кои во огромен број беа пласиран преку медиуми со сомнително финансирање и блиски до опозициската ВМРО-ДПМНЕ .

Такви тенденции се препознаваат и денес со вестите поврзани за вакцината против КОВИД-19, се со цел да се предизвика недоверба кај граѓаните, несигурност и паника, и секако, да ги обезвреднат силните напори на институциите и лекарите во борбата против пандемијата.

Ваквите обиди ќе се разобличуваат како дезинформации во соработка со факт чекери, а на медиумите ќе им се обезбеди најтранспарентен пристап до релевантни извори и информации , со цел креирање објективни медиумски содржини кои се од јавен интерес.

Јавниот интерес мора да се штити, граѓаните треба и мора да бидат целосно точно и навремено информирани за начините на заштита од КОВИД, вклучително и за процесот на вакцинација.

Лажните вести се директен удар врз демократијата. Тие мора да се препознаат, да се посочат, разобличат и целосно да се сузбијат.

Токму затоа е важна и образовната реформа за воведување на медиумска и дигитална писменост во основното образование.

Завршена е и процедурата за усогласување на Меморандум за соработка на нашето Министерство за одбрана со НАТО на полето на сајбер одбраната.

Овој Меморандум ќе овозможи координирана реакција на сојузниците во случај на сајбер напади.

Нашата држава има голема поддршка од стратешките партнери во борбата против лажни вести и дезинформации, кои го напаѓаат целиот свет.

Целосно посветени, Северна Македонија ќе биде лидер во изнаоѓањето на решенија и заедно со партнерите од ЕУ и НАТО, соодветно ќе возврати на оваа штетна појава.

То Лам именуван за претседател на Виетнам

Комунистичката партија на Виетнам го именува министерот за јавна безбедност То Лам за нов шеф на државата.

- Централниот комитет одобри другарот То Лам, член на Политбирото и министер за јавна безбедност, да биде именуван за претседател, објави Виетнамската новинска агенција (ВНА).

Лам (66), кој ја извршуваше функцијата министер за јавна безбедност од 2016 година, имаше тврд став против движењата за човекови права.

Неговото именување уследи по оставката на Во Ван Туонг во март./МИА

Поплави во источна Белгија

 Подрачјето на белгискиот град Лиеж е погодено од поплави предизвикани од обилните дождови кои веќе предизвикаа штети во Франција.

На подрачјето на тој град досега се евидентирани околу 550 интервенции, а гувернерот Ерве Џамар мобилизирал 150 пожарникари во борбата против последиците од елементарната непогода.

„Ова се главно интервенции за испумпување вода кои продолжија денеска изутрината“, соопшти канцеларијата на гувернерот на погодената провинција.

Службите за итни случаи соопштија дека нивото на водата почнало да се намалува.

Од другата страна на границата, во холандската провинција Лимбург, два кампа се евакуирани поради опасност од поплави.

Во францускиот департман Мозел, на североистокот, денеска во раните утрински часови беше објавена тревога поради опасност од поплави. /МИА

Јанчев: Обезбедена донација од 100 ротациони светла за тракторите

Ротациони светла за тракторите за поголема безбедност во сообраќајот.

Градоналачниот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев изјави дека општината со помош на бизнис секторот обезбедила донација од 100 ротациони светла наменети за земоделските машини кои учествуваат во сообраќајот, како би се зголемила безбедноста.

притисни ентер