Одговорноста за овој огромен скандал води директно до луѓе блиски на ВМРО-ДПМНЕ, блиски до Груевски и неговиот извршител Христијан Мицкоски.
Започнувајќи од сопственикот на Еко клуб компанијата која крајно несоодветно го третирала медицинскиот отпад, па директорот на Дрисла Горан Ангелов, исто кадар на Груевски и некогашен кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Обвинителката во предметот, која два месеца се немаше изјаснето за истражната постапка, повторно кадар на ВМРО-ДПМНЕ, поставена од Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска.
Вистината не може да се сокрие, кога тогаш ќе излезе. Мрежата составена од лица од ВМРО-ДПМНЕ со години свесно и заради профит ги труеле граѓаните и ја загрозувале животната средина.
Очигледен беше и очајниот обид на извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски и раководството во белиот дворец да го заташкаат случајот , посебно откако се потврди дека токму ВМРО-ДПМНЕ е најодговорна за овој скандал.
Затоа граѓаните на 12 април ќе порачаат режим - никогаш повеќе и ќе ги казнат ВМРО-ДПМНЕ за деструктивните политики кон нив и кон државата, реагираат од СДСМ.