СДСМ: Само поразената ВМРО-ДПМНЕ навива да не добиеме датум за преговори

За цел демократски свет сме успешна приказна, само поразената ВМРО – ДПМНЕ навива да не добиеме датум за преговори и сонува за враќање во изолација.

За цел демократски свет Република Северна Македонија е успешна приказна.

Само ВМРО-ДПММНЕ, партијата симбол на криминал и корупција која земјава ја држеше 11 години во заложништво, навива да не добиеме датум за преговори со ЕУ и сонува за враќање во изолиција.

Лидери од Европа нижат пофалби и охрабрување за напредокот, Република Северна Македонија ја посочиваат за пример во решавањата на отворените прашања и упатуваат честитки за лидерството.

Дури и еврокомесарот Хан, посочувајќи го напредокот, рече дека земјава направи многу и додаде дека е единствена во регионот без конфликт со ниту еден сосед.

Поддршка за интегрирање на земјава во НАТО алијансата и Европската унија доаѓаат од сите страни.

Веќе 13 држави го ратификуваа Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

Само поразената ВМРО ДПМНЕ останува осамена да навива за недобивање на датум за почеток на преговори, да урла против напредокот на земјава.

Наместо лицемерно да зборува за правда ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи продолжувањето со работа на СЈО и да побара расчистување на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и режимот на Никола Груевски, кој се уште го брани.

Без разлика на навивањето на ВМРО-ДПМНЕ, Република Северна Македонија продолжува напред, кон членство во НАТО и ЕУ.

Центар за комуникации со јавноста

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер