СДСМ: Реновирани повеќе клиники и оддели во здравствени установи, унапредување на здравствената заштита и вистинска грижа за лекарите и граѓаните

Владата предводена од СДСМ останува посветена на развој и унапредување на здравствената заштита и вистинска грижа за лекарите и граѓаните.

Водени од целта да обезбедиме поквалитетно здравство, повеќе клиники и оддели во здравствените установи добија значително подобрени услови за работа.

Активностите за реновирање продолжуваат и во периодот кој следува во кој ќе бидат опфатени уште 34 јавни здравствени установи во државата.

Во декември 2018 година, пуштени се во употреба реновираните хируршки сали на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ. Направена е комплетна реконструкција на операционите сали по сите светски стандарди. Целото реновирање изнесуваше над 30 милиони денари, најголем дел од средствата преку Фондот за здравствено осигурување, Министерството за здравство и околу 1.5 милиони денари од донации.

Отворен и пуштен во употреба е и новиот Ургентен центар во Општата болница во Куманово, кој обезбедува здравствена заштита граѓаните од кумановскиот регион.

Реновирани се и одделенијата за дигестивна хирургија, Универзитетската Клиника за хематологија каде целосно беше реновиран Одделот за трансплантација, Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија и одделот за интензивно лекување на Универзитетската клиника за неврохирургија во Скопје.

Вакциналниот пункт во поликлиника Чаир е комплетно реновиран и доопремен согласно стандардите и упатствата на Светската здравствена организација. Во наредниот период ќе се реновираат и останатите вакцинални пунктови при Здравствен дом Скопје.

Реновирана е Службата за Итна медицинска помош во Битола и Службата за Итна медицинска помош во Здравствениот дом во Велес. Во итната медицинска служба во Велес изграден е лифт со цел пристапност на лицата со инвалидитет во оваа здравствена установа.

Завршена е првата фаза од реконструкцијата во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски" во Скопје . Третиот кат каде се сместени одделенијата за детска хирургија и пластична хирургија е целосно реновиран, а во моментов се реновираат првиот и вториот кат.

80% од градежните зафати од реконструкцијата во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо" во Охрид се завршени.

Паралелно се одвиваат и активности од поголем обем како градењето на новата Клиничка болница во Штип, што е во процес.

Како одговорна партија продолжуваме посветено да работиме на обезбедување на квалитетно здравство и достојни услови за работа.

За нас зборот важи. Се грижиме за сите граѓани.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Буркина Фасо, Мали и Нигер го финализираа проектот за создавање тристран сојуз

Буркина Фасо, Мали и Нигер во Ниамеј го финализираа нацрт-текстот за создавање сојуз на земјите од Сахел. Нацртот се очекува да биде усвоен од трите земји предводени од воените хунти во наредните недели.

Во главниот град на Нигерија вчера се одржа состанок помеѓу министрите за надворешни работи на Мали, Буркина Фасо и Нигер, Абдулај Диоп, Карамоко Жан Мари Траоре и Бакари Јау Сангари.

- Целта на средбата беше да се финализира нацрт-текстот поврзан со институционализацијата и функционирањето на Конфедерацијата на Сахелските држави, истакна Сангари.

Буркина Фасо, Мали и Нигер се поранешни француски колонии, кои ја продлабочуваат соработката со Русија. /МИА

Објавен петтиот том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“

Објавен е петтиот том на публикацијата „Визуелна хроника на македонскиот стрип“, најново издание на Александар Стеванов – графички дизајнер, наградуван стрип-сценарист и хроничар на македонскиот стрип.

Како што информира авторот, во книгата се истражува и прибележува деветтата уметност на македонско тло, овојпат детално обработена го периодот од 2016 до 2019 година.

На вкупно 64 страници во боја, формат А4, во изданието се опфатени речиси 270 хронолошки единици, кои збирно го осведочуваат овој период како врвна точка на домашното стрип-издаваштво. Опфатени се стрип-албуми и списанија за стрип објавени кај нас, одржани стрип-работилници, фестивали и изложби, гостувања на македонски стрип-автори на манифестациите во странство, како и освоени награди на стрип-фестивалите во земјава и во регионот.

- Станува збор за зафат од капитално значење, изведен за сега, еве и во нејзиниот петти дел, поточно во публикациите со различни дијахрониски опфати: првиот дел опфаќајќи го периодот 1990 – 1999 година, вториот 2000 – 2007, третиот 2008 – 2011, четвртиот 2012 – 2015 година... сѐ додека својот историски проект Стеванов не го доведе до наши дни, пишува истакнатиот писател Томислав Османли во предговорот кон изданието.

Како и претходните четири тома, и овој петти том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“ излегува со поддршка на Министерството за култура.

Почнувајќи од наредната недела изданието ќе биде дистрибуирано во библиотеките ширум земјава, најпрво во НУБ „Св. Климент Охридски“, а во скоро време се очекува да има промоција. /МИА

Кике Санчез Флорес ја напушта сезоната на крајот од сезоната

Тренерот на Севилја, Кике Санчез Флорес, ќе ја напушти функцијата по завршувањето на сезоната, соопшти прес-службата на шпанскиот клуб.

Педест и деветгодишниот Шпанец е на чело на Севилја од декември минатата година. Под негово водство, тимот одигра 23 натпревари, забележа 11 победи, четири пати ремизираше и загуби на девет средби.

Севилја по 36 кола се наоѓа на 12. место во шпанската Ла Лига со 41 бод.

Во 37. коло Севилја утре во 19 часот ќе се соочи со Атлетико Билбао на гостински терен. /МИА

притисни ентер