СДСМ: Рамо до рамо до победа во Центар Жупа, Дебарца,Струга, Охрид, Пласница, Куманово, Ваташа

Со СДСМ македонскиот јазик е потврден и заштитен, рамноправен со сите јазици на ЕУ

Во рамите на теренските активности на СДСМ под мотото„Рамо до рамо до победа“ денеска на средби со граѓаните во општина Центар Жупа беше потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, заедно со Методија Димовски.

Ние сме посветени на заштита и унапредување на македонскиот јазик и дома и надвор од државата, со чување и потврда на јазикот го чуваме нашиот идентитет и посебност, истакна Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека македонскиот јазик стана рамноправен со сите јазици на Европската унија, потврда за тоа е потпишување на првиот договор со ЕУ, договорот за Фронтекс на официјален македонски јазик без фусноти и додавки, со што и официјално пропаднаа сите лаги и хистерии кои ВМРО-ДПМНЕ ги пласираше за наводно бришење и загрозување на македонскиот јазик со започнување на преговорите за членство во Европската унија.

Потпретседателката Костадиновска Стојчевска нагласи дека предлог-законот за употребата на македонскиот јазик влегува во собраниска процедура и потенцира дека тој е одговор на новите предизвици кои бараат зголемена, организирана и системска грижа за правилна употреба на македонскиот јазик и на неговото кирилско писмо.

Претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска, заедно со Марко Ѓоргиевски, оствари средби со граѓаните на Дебарца, во рамките на теренските активности „Рамо до рамо до победа“.

Тренчевска пред граѓаните истакна дека СДСМ во изминатиот период има резултати на секое поле, но особено се значајни резултатите постигнати во социјалната заштита и во унапредување на стандардот на граѓаните.

Низ дијалог, заедно со засегнатите страни, усвоиме методологија за раст на минималната плата, и методологија за усогласување на пензиите, кои никогаш повеќе нема да зависат од нечија политичка волја и самоволие, нагласи Тренчевска, додавајќи дека просечната плата која беше едвај 9.000 денари, денес е 20.175 денари, додека просечната пензија е зголемена за 60 отсто, стечајните работници трајно се обезбедени, гарантираната минимална помош е покачена, воведена е државна социјална пензија, породилно отсуство за земјоделките.

Тоа е нашиот влог во граѓаните и така ќе продолжиме, на дело покажавме што значи вистинска грижа за сите граѓани, порача во Дебарца, претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска.

Каравнот теренски активности на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ денеска беше и со граѓаните на Струга, Охрид и Пласница.

Претседателот на СДММ Марко Михаилоски, кој заедно со Даниела Рендевска беше на средби со граѓаните на Струга, се осврна на младинските политики на СДСМ.

СДСМ е предводник на поголемо вклучување на младите во носењето одлуки. Со таргетирани младински политики СДСМ успеа сериозно да ја намали младинската невработеност преку „Гаранција за млади“, а вкупната невработеност во земјата на 14%. Воведовме субвенциониран студентски оброк за секој студент, ги зголемивме постоечките и воведовме нови стипендии за средношколците и студентите, истакна Михалиовски, во Струга.

Никола Рилак, кој, заедно со Виктор Велевски беше на средби со граѓаните на Охрид истакна дека сега фокусот на енергетските политики на СДСМ е на зелената транзиција и постигнувањето на крајната цел за енергетска независност на државата.

Успешно ги менаџиравме последиците од светската енергетска криза, и покрај стравувањата кои кај граѓаните ги подгреваа лажните вести и шпекулации на опозицијата за недостиг на струја, рестрикции, енормно покачување на цените, рече Рилак, додавајќи дека струја имаше доволно поради зголемувањето на домашното производство, а Владата предводена од СДСМ ги заштити граѓаните од ценовни шокови и обезбеди евтина струја за над 72.000 компании.

Рамо до рамо со граѓаните на Пласница, заедно со Пламенка Бојчева беше членот на ЦО на СДСМ Благој Бочварски, кој ја нагласи важноста од регионално и меѓународно поврзување на државата.

По 30 години зборување, конечно почнуваме со работа на изградба на коридорот 8 кој од ЕУ веќе е признаен како европски коридор со геостратешка важност. Покрај зголемената безбедност и подоброто поврзување, изградбата на коридорите ќе донесе и дополнителна економска вредност. Државата ќе ја поврзе со пристаништата во Драч и Буграс, а самата изградба ќе донесе најамлку 600 милиони евра за домашните комапнии, нови 8.000 работни места, како и раст од 2 отсто годишно на БДП, истакна Бочварски.

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска и Оливер Спасовски беа меѓу граѓаните на општина Куманово.

- Со одговорните политики на СДСМ државата ја вративме на вистинскиот колосек, станавме членка на НАТО и по цели 17 години во чекалната конечно ги започнавме преговорите со ЕУ, на македонски јазик и со потврден македонски идентитет. Сега кога пред нас е важен реформи процес за европската иднина, одново гледаме блокади одново гледаме немање конкретен став од страна на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои декларативно се залагаат за членство во ЕУ, а во реалноста по секоја цена се обидуваат да го загрозат европскиот пат. Доказ за тоа се и последните небулози што Мицкоски ги шири за наводно редефинирање на државата, но и тој и ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат свесни дека нивните небулози нивните деструкции одново ќе бидат поразени, порача Лукаревска.

Оливер Спасовски потсети дека пласирањето лаги со цел да се плаши и дели јавноста е многу пати виден метод на ВМРО-ДПМНЕ со кој се обидува да наштети на државните и националните интереси.

- Истите тие што лажеа дека ќе има федерализација и кантонизација, што лажеа дека ќе се населувале мигранти и овде во Куманово но и во други градови, што лажеа дека ќе се загрозел македонскиот јазик, дека ќе сме се бугаризирале, денес шират лаги за наводно редефинирање на државата. Сите тие нивни лаги пропаднаа, а од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не собраа храброст ниту да се извинат. Исто ќе биде и за оваа последна лага што ќе пропадне, а Македонија ќе продолжи по европскиот пат, но ќе биде запаметено дека Мицкоски како заложник на Левица и Апасиев дејствувал на штета на државните и националните интереси, истакна Спасовски.

Во Тиквешијата, рамо до рамо со граѓаните попладнево беа генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски и претседателот на партиската комисија за транспорт и врски, Митко Трајчулески, во рамки на теренските активности на партијата „Рамо до рамо, до победа“.

Граѓаните на Тиквешијата, Ваташа, Кавадарци, многу добро знаат дека СДСМ секогаш е на вистинската страна на историјата, а како наследници на партизаните од НОБ врз кои почива македонската држава и во минатото и денеска тоа на дело го покажала.

Многу жртви се дале за се она што сме денеска. Споменот на тие жртви не обврзува сите нас да ја обезбедиме македонската иднина во Европа, да бидеме рамноправни на европската маса и да создадеме општество на сигурност, безбедност и благосостојба, за никогаш повеќе да не се повторат нови негирања, ниту пак нови жртви, порача генералниот секретар Зечевиќ на масовна маалска средба со граѓаните на Ваташа.

Зечевиќ потенцираше дека секогаш левата политичка опција во земјава била на вистинската страна на историјата и на македонската држава, правејќи дистинкција со деструктивното однесување на десната политичка опција.

-Мораме да зборуваме за гласот на вистината да се слушне, да знаеме кои сме ние а кои беа они. Ѕвездата што ја носиме ни е таква каква што е, таа не е само денеска, таква била и во минатото и таква била низ историјата на македонскиот народ, секогаш левата опција била постојано на браникот на Македонија и на македонизмот. Ги гледам организациите коишто ги прави опозицијата, на сметка на Ваташа, на сметка на историјата што ја имаме, ние јасно знаеме кои сме ние а кои се они. Затоа сме тука со вас, говориме и ќе говориме за да направиме јасна дистинкција, кои сме ние а кои се они. Немојте да го заборавите тоа никогаш. Па зарем тие што го лустрираа Славко Јаневски да ни кажуваат дека се големи патриоти? Коишто Блаже Коневски го нарекуваа џуџето од Небрегово? Тие да дозволиме да ни држат денеска предавања за македонската историја и за учество на македонските социјалдемократи во неа?, додаде Зечевиќ.

Генералниот секретар потенцираше дека сега земјата има историска шанса да стане рамноправен партнер на европската маса и повика на заедничка политичка борба да станеме дел од Европа.

-Стремежот на сите оние генерации пред нас не бил да бидат плен на масата туку да бидат рамноправен партнер. Денеска имаме шанса да бидеме рамноправен партнер на европската маса. Имаме признаен, потврден, македонски литературен јазик. Мора да се бориме како народ, сите заедно, да опстоиме за нашата конечна кауза а тоа е да бидеме дел од Европа. Не Европа во формално правна смисла, суштински, да донесеме вредности за квалитетен живот каков што го имаат европјаните. На народот, на граѓаните им треба и мир и стабилност, им треба и соживот, иднина. Мора да останеме заедно, на патот којшто не чека, да остане сложни, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски вечерва во Ваташа.

Турската лира падна на рекордно ниско ниво по почетокот на новиот мандат на Ердоган

Турската лира денеска падна на рекордно ниско ниво, продолжувајќи го својот пад во однос на американскиот долар откако претседателот Реџеп Таип Ердоган го започна својот трет мандат.

Лирата денеска ослабе за повеќе од шест отсто во однос на доларот. Турската валута падна за осум отсто по назначувањето на новата влада на Ердоган. Валутата од почетокот на годината ослабе за околу 20 отсто.

Вредноста на турската лира во однос на доларот паѓа од 2021 година поради инсистирањето на Ердоган да ги одржува ниски трошоците за задолжување за да се стимулира растот и покрај зголемената инфлација.

Аналитичарите велат дека владата на Ердоган ја зголемила лирата пред претседателските и парламентарните избори во Турција минатиот месец, користејќи ги девизните резерви за да го држи курсот под контрола. /МИА

Нормализиран сообраќајот на патот Градско - Прилеп

Нормализиран е сообраќајот на патот Градско - Прилеп, информираа од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Нестабилно со пороен дожд и грмежи и следните денови, температурите без поголема промена

Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени.

Во Скопје попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што информира УХМР, утре и во следните денови на повеќе места во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Температурите ќе бидат без поголема промена.

притисни ентер