СДСМ: Прочистувањето на судството започна,

Прочистувањето на судството започна, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе мора да се соочат дека правда и одговорност ќе има.

ВМРО-ДПМНЕ бадијала попречуваат и бранат криминал. Одговорност и прочистување на судството ќе има.

ВМРО-ДПМНЕ ставена во одбрана на криминалот, упорно се труди и прави се` за попречување на правдата, за средување на состојбите во судството, истото кое оваа партија го урниса и 11 години го држеше под контрола.

Токму затоа тие беа и единствените против Законот за Јавно обвинителство, но не успеаа.

Партија која своите лаги ги пласира од Белата палата, синоним на криминалот и корупцијата, со блокирана сметка, замрзнат имот, и извршители за позлатени рамки на слики од бегалецот Груевски, најмалку може да зборува за правда, правна држава, независно судство.

Партија која го измисли сваровски судството со кое "пали гаси" беа судии и обвинители од тефтерчето на ВМРО-ДПМНЕ, нема образ да глуми загриженост на оваа тема.

Им се допаѓало тоа или не на "единствениот на браникот на криминалот, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, правда ќе има, прочистување на судството ќе се случи.

Правдата е првиот, врвен приоритет и во стратешката рамка "Акција 21", на Владата предводена од СДСМ.

Филтрацијата којашто започна е директен удар врз судството какво што го создаде ВМРО-ДПМНЕ.

Методологијата за филтрација ја направија Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, односно самата фела. Со неа ќе се одделат корумпираните од чесните, стручните од нестручните судии и обвинители.

Се работи за европски концепт, со кој ќе се зголеми транпарентноста, правичноста и ефикасноста во правосудството.

Филтрацијата почна и нема да заврши сеʼ додека граѓаните не добијат прочистено судство, правда еднаква за сите.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да се соочат во реалноста, дека правда ќе има.

СДСМ

Претседателката на Грузија, Зурабишвили стави вето на законот за „странско влијание“

Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили соопшти дека ставила вето на контроверзниот закон за „странско влијание“, кој предизвика масовни протести во земјата.

„Денес ставам вето (...) на закон кој е руски по својата суштина и е во спротивност со нашиот устав“, рече Зурабишвили откако текстот усвоен од Парламентот оваа недела беше осуден од неговите противници дека има за цел да ја одврати Грузија од нејзиниот пат кон Европа и да ја насочи кон Русија.

Таканаречениот „руски закон“, чии противници протестираат со недели против неговото усвојување, бара медиумите и невладините организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да се регистрираат како „агенти на странско влијание“. Критичарите на законот велат дека тој е премногу сличен на законодавството што го користи Кремљ за да ги замолчи противниците и дека ќе ја попречи кандидатурата на Грузија за пристапување во ЕУ.

Претседателката Саломе Зурабишвили, која влегува во сè поостра конфронтација со грузиската владејачка партија, денеска изјави дека законот е во спротивност со Уставот на Грузија и „сите европски стандарди“, и додаде дека тој „мора да биде повлечен“. /МИА

То Лам именуван за претседател на Виетнам

Комунистичката партија на Виетнам го именува министерот за јавна безбедност То Лам за нов шеф на државата.

- Централниот комитет одобри другарот То Лам, член на Политбирото и министер за јавна безбедност, да биде именуван за претседател, објави Виетнамската новинска агенција (ВНА).

Лам (66), кој ја извршуваше функцијата министер за јавна безбедност од 2016 година, имаше тврд став против движењата за човекови права.

Неговото именување уследи по оставката на Во Ван Туонг во март./МИА

Поплави во источна Белгија

 Подрачјето на белгискиот град Лиеж е погодено од поплави предизвикани од обилните дождови кои веќе предизвикаа штети во Франција.

На подрачјето на тој град досега се евидентирани околу 550 интервенции, а гувернерот Ерве Џамар мобилизирал 150 пожарникари во борбата против последиците од елементарната непогода.

„Ова се главно интервенции за испумпување вода кои продолжија денеска изутрината“, соопшти канцеларијата на гувернерот на погодената провинција.

Службите за итни случаи соопштија дека нивото на водата почнало да се намалува.

Од другата страна на границата, во холандската провинција Лимбург, два кампа се евакуирани поради опасност од поплави.

Во францускиот департман Мозел, на североистокот, денеска во раните утрински часови беше објавена тревога поради опасност од поплави. /МИА

притисни ентер