СДСМ: Преспанскиот договор е вброен меѓу најголемите светски дипломатски достигнувања

Преспанскиот договор е вброен меѓу најголемите светски дипломатски достигнувања, а за нас е потврда за македонскиот идентитет, јазик и култура.

Пред две години, Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев презеде одговорност и напиша нова историја. 17 јуни 2018 година ќе остане врежан датум кога се реши тридецениското отворено прашање кое ја загрозуваше иднината на нашата држава. Се постигна договор со нашиот сосед Грција, се потпиша Договорот од Преспа.

Овој договор значеше не само отворање на земјата кон светот, влез во членството во НАТО и Европската унија, туку значеше и зачувување и гаранција на нашиот македонски идентитет, македонскиот јазик и култура.

Еднаш засекогаш Македонците и македонскиот јазик се впишаа во ризницата на светските народи и јазици, и никој повеќе не го оспорува тоа.

А во знак на поддршка заради сите иницијативи кои доаѓаат од Преспа, од тромеѓето на народи кои се почитуваат, се роди идеја токму во Љубојно да се отвори Центар за промоција на македонскиот јазик во просторите на старото училиште.

Затоа што македонскиот јазик е нашето минато, нашата сегашност и нашата иднина.

Избравме иднина, наместо неизвесна и бесмислена изолација во која не втурна бесмислената политика на режимското владеење.

Преспанскиот Договор е вброен како едно од најголемите дипломатски постигнувања во целиот свет, а најголемите светски лидери ни оддадоа признание за консолидацијата на Балканот и за нашиот придонес за стабилноста и развојот на нашиот регион.

Покажавме дипломатска доблест, храброст, достоинство и политички став.

Тоа се вредности на современата политика. Тоа се вредности на НАТО и ЕУ, и тоа беа последните чекори до полноправното членство во НАТО, и до рамката за преговори за членство во ЕУ.

Избравме самостојност, мир и стабилност. Избравме да бидеме дел од демократскиот свет за да создадеме можности за подобар живот за нашите деца. Како резултат на тоа, денес имаме горди граѓани и држава која е на вистинскиот пат.

Сега треба да го направиме следниот исправен чекор.

Да организираме избори, да избереме Парламент и Влада кои ќе го задржат исправниот курс и да ја надминеме корона кризата. И во време на здравствена и економска криза, да продолжиме по патот кој обезбедува подобар живот, повисок стандард, посигурни граници и припадност кон семејство од нации ориентирани кон иднината.

СДСМ

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер