СДСМ:Мерката Мој ДДВ дава одлични резултати, за неполн месец над 44 милиони денари назад кај граѓаните

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати, се наведува во соопштението на СДСМ.

Тече реализацијата на мерките што обезбедуваат повеќе пари назад кај граѓаните.Проектот „Мој ДДВ" кој започна на 1 јули оваа година дава одлични резултати.

Според последните информации на УЈП, за 24 дена од поставувањето, апликацијата ја имаат преземено околу 135.000 лица, а при тоа скенирани се над 5 милиони фискални сметки.

Вредноста на скенираните сметки е над 2,5 милијарди денари, а пресметаниот ДДВ за враќање на граѓаните е над 44 милиони денари.

За првпат државата враќа пари директно кај граѓаните на нивните трансакциски сметки.Ако претходно граѓаните имале само давачки кон државата , денес со водење на одговорни економски политики придобивките се двострани, добиваат и граѓаните и државата.

Со повратот на 15 отсто од платеното ДДВ, секое семејство на крајот на годината добива приход плус.Според проценките на крајот на секоја година, околу 50 милиони евра ќе завршуваат кај граѓаните.

Од друга страна, на овој начин се поттикнува намалување на сивата економија и даночната евазија.Наплатата на ДДВ за првите шест месеци, вклучително и деновите од јули е зголемена за 6,6 проценти.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките што носат економски раст, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Индонезија.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 10 километри, оддалечен 224 километри од градот Амахаи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Засега нема информации за повредени луѓе или причинета материјална штета.

Ново реално шоу - „Диетално Максимално“

Денеска во 16:00 часот започнува ново реално шоу - „Диетално Максимално“.

Емисија во која ќе се одберат пет кандидати, со цел да го променат својот животен стил. Целта е да стасаат до посакуваната тежина и да го променат својот изглед.

Забава, спорт, здравје и вкусни рецепти ќе бидат на менито секој ден.

Си денеска на средби со Макрон и Фон дер Лајен

Кинескиот претседател Си Џинпинг во рамките на државната посета на Франција денеска ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, како и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Си вчера пристигна во Париз, а од Пекинг претходно беше најавено дека за време на петдневната турнеја низ Европа, покрај Франција, ќе ги посети и Србија и Унгарија.

Ова е прва посета на кинески лидер на Европа во последните пет години.

притисни ентер