СДСМ: Лажните вести и дезинформации од ВМРО-ДПМНЕ не запираат ниту во најголема здравствена криза

​Дури и кога државата, како и целиот свет се справуваат со најголемата здравствена криза, ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од ширење лажни вести и дезинформации како единствен начин на делување.

Во време кога сите очи се впререни во здравствените институции, Христијан Мицкоски се дрзна на национален медиум да излаже дека државата имала само 100 теста за коронавирус. Од таа негова лага па до денес направени се речиси 5.000 тестови за присуство на коронавирус.

Слична таква лага пласира ВМРО-ДПМНЕ и деновиве кога дрско лаже дека 140.000 граѓани во периодов останале без работа, бројка која нема врска со реалноста.

Наместо одговорно и совесно однесување, јавноста со денови гледа несериозно и деструктивно однесување од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, кои се очајни да се дограбат до политички поени врз грбот на граѓаните.

Никаде во светот, ниту една опозиција не се однесува како што се однесува ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден политичар од независноста до денес, се нема однесувано толку деструктивно кон своите сограѓани, како што денес се однесува Мицкоски.

Но за нивното поведение ќе оценуваат граѓаните, Владата, државата, институциите остануваат посветени во борбата против коронавирусот и надминувањето на здравствените и економски полседиици од него.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Де Брујне постави рекорд во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне стана сопственик на рекорд во англиската Премиер лига.

Белгиецот вчеравечер го одигра својот 18-ти првенствен натпревар на кој постигна две или повеќе асистенции. Тој е лидер по оваа статистичка категорија во историјата на лигата.

„Граѓаните“ победија со 2:0 и со 79 бода се на втората позиција на табелата зад Арсенал кој има 80, но и натпревар повеќе.

Оваа сезона 32-годишниот Де Брујне одигра 21 натпревар за Сити, постигна шест гола и беше творец на 16 асистенции. /МИА

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

Блокада на нашата држава од една страна и внатрешни поделби од друга страна ќе предизвика огромна штета за иднината на државата.

Тоа е клучната опасност од доаѓање на власт на ДПМНЕ и режимот во најава.

Граѓаните кои ќе излезат на гласање на 8 мај мора да имаат предвид дека иднината на земјата е под сериозна закана.

Ако десничарската партија добие таква моќ, може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на независните медиуми и крај на надежта за судство и правда додека во државата ќе растат тензии. Добро е познато како изгледа владеењето на режимот.

Затоа е потребна мобилизација на сите демократски, прогресивни сили, масовна излезност на 8 ми мај. Глас за СДСМ и Коалицијата е глас за просперитетна иднина.

Центар за комуникации на СДСМ

„5CAST“: Во „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска

Вечерва на 5CAST, на YouTube каналот на Канал 5 ТВ Македонија, во емисијата: “На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска.

“Кавгата” ќе ја почнеме од оваа премиса: Зошто според нејзе денес нема слобода на говор а имало во времето на режимот на Груевски?

Па ќе удриме една тура малку и за политичко-општествени моменти особено после минатонеделниот прв круг на избори…особено за профеноменот на Максим и контрафеноменот на Левица.

притисни ентер