СДСМ: Економските мерки на Владата помагаат на работниците, занаетчиите, но и на оние кои останале без работа

Со цел побрзо и полесно пребродување на здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, Владата презема ефикасни, функционални и навремени мерки, коишто значат поддршка за работниците, за компаниите, за секој човек.

Покрај мерката за обезбедување на нето плата, односно финаниска помош од 14.500 денари за секој вработен за месеците април и мај, на работодавачите како алтернатива им се нуди да ја изберат и поддршката за субвенционирање на 50 отсто од придонесите за месеците април, мај и јуни.

Еден од условите за користење на оваа мерка е на компаниите кои сакаат да аплицираат приходите да им бидат намалени за најмалку 30% споредбено со просекот за 2019 година, бројот на вработени за месеците април, мај и јуни 2020 година да не биде помал од бројот на вработени со состојба на 31.03.2020 година, како и да не исплатува дивиденди и бонуси од денот на објавување на Уредбата до денот на поднесување на годишна сметка за 2020 година.

Мерките подеднакво важат и за занаетчиите. Лице кое врши занаетчиска дејност и е барател на финансиска поддршка треба да поднесе Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства до Управата за јавни приходи.

Граѓаните кои се материјално необезбедени, невработени, за користење на мерката со која се предвидува 7000 денари, потребно е во месно надлежниот Центар за социјална заштита да поднесат Барање за право за добивање на гарантирана минимална помош, како и за друго право доколку им следува согласно Законот за социјална заштита и Законот за заштита на децата.

Апелираме и охрабруваме да се искористат владините мерки кои помагаат на сите работодавачи, работници и граѓани погодени од коронавирусот. Само заеднички и со доверба ќе ја пребордиме оваа глобална криза.

Центар за комуникации со јавноста

Салфетката на Меси се продава на аукција, веќе се понудени 300.000 евра

Денеска е отворено наддавањето за салфетката на која фудбалскиот клуб Барселона го напиша своето ветување дека ќе потпише со тогаш 13-годишниот Лионел Меси, а предвремените понуди достигнаа речиси 300.000 долари.

Салфетката беше потпишана во декември 2000 година кога Карлес Рексах, тогаш спортски директор на Барселона, се договори со агентот Хорасио Гаџиоли да го ангажира аргентинскиот тинејџер кој подоцна стана најдобар стрелец на клубот на сите времиња.

Наддавањето за документот, опишан од аукциската куќа Bonhams како „сино мастило на стандардна шпанска восочна салфетка“, достигна 220.000 фунти (274.824,00 долари) набргу по отворањето на продажбата, според веб-страницата на аукционерот. „Тоа никогаш не беше правно обврзувачко, но емотивно претставува длабока врска или почеток на длабока врска што Меси ја имаше со Барселона“, рече главниот маркетинг директор на Бонамс, Марк Сендс.

Меси ѝ помогна на Барселона да освои 35 трофеи, со рекордни 782 настапи и 674 голови. Меси ја напушти Барселона во 2021 година и сега игра за Интер Мајами. „Ако го сакате фудбалот, ќе знаете сè за Лионел Меси и ќе знаете дека тој го дефинираше фудбалот со генерации. Ако сакате дел од акцијата, ова е местото“, рече Сендс. Онлајн продажбата завршува на 17 мај.

притисни ентер