СДСМ: Економските мерки им помагаат на фирмите, досега исплатени над 40% од кредитната линија Ковид1

​Владата предводена од СДСМ има јасни цели, да помогне на што повеќе граѓани, да зачува што повеќе работни места,  да ги поддржи компаниите, но и да постави темели за заживување на економија кога ќе заврши кризата со коронавирусот.

Заклучно со 7-ми мај, од одобрените 631 кредитни апликации за Ковид1 бескаматната линија од 4,7 милиони евра, се исплатени вкупно 2,2 милиони евра за 257 компании кои вработуваат 3.006 лица, односно 41% од одобрените апликанти.

Од првата група одобрени кредитни апликации, која Владата ја одобри на 8-ми април за 136 компании со 1737 вработени, се исплатени 93% од апликантите. Од втората група одобрени апликации, која Владата ја одобри на седница на 14 април за 118 компании со 1116 вработени, се исплатени 89% од компаниите. Третата група кредитни апликации која Владата ја одобри на 28-ми април за 377 компании со 2735 вработени, се исплатени 7% од компаниите.

Исплатата на компаниите се прави редовно, секој работен ден, како што се завршуваат административните процедури започнувајќи од 15ти април кога се исплатија првите средства од оваа кредитна линија.

За бескаматната кредитна линија КОВИД 2 од 8 милиони евра, која беше отворена и за која пријавите се уште се во тек, веќе аплицирале над 2400 компании.

За финансиската поддршка од 14,500 денари по вработен, се одобрени вкупно 23.861 барањa, за 21 542 компании.

Економскиот совет на СДСМ работи на нов пакет мерки за директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка.

СДСМ покажа дека нашите мерки носеле и ќе носат резултати. За тоа зборуваат и проекциите од Светската Банка според кои се проценува дека Македонија најдобро ќе се справи со економскиот удар од кризата во споредба со земјите од регионот.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

ПСЖ ќе му понуди нов договор на Донарума

Пари Сен-Жермен има намера да го продолжи договорот со голманот Џанлуиџи Донарума, пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио.

Според изворот, парижаните ќе преговараат со 25-годишниот Италијанец по завршувањето на сезоната 2023/24. Управата на клубот сака да го направи голманот капитен на тимот.

Донарума игра за ПСЖ од јули 2021 година. Во сезоната 2023/24 Донарума учествуваше на 40 натпревари во сите натпреварувања, прими 36 гола и ја зачува мрежата чиста 16 пати.

Актуелниот договор на голманот со францускиот клуб е со важност до крајот на јуни 2026 година.

Скај Њуз: Кина го хакирала платниот систем на британското Министерство за одбрана

Британскиот портал Скај њуз денеска објави дека кинеската влада извршила неколку кибер напади врз платниот систем на британското Министерство за одбрана, кој содржи приватни информации за воениот персонал.

Членовите на Долниот дом на британскиот Парламент денеска ќе бидат информирани за овој инцидент.

Пратеникот на Конзервативната партија Тобијас Елвуд изјави дека Кина „најверојатно бара финансиски слабости“ кај воениот персонал за да натера некои припадници да соработуваат со Кина во замена за пари.

„На потешкиот начин учиме како уметноста на војување брзо се менува со напредокот на технологијата. Одбраната на дигиталниот терен сега е исто толку важна како и одбраната на физичкиот. Доколку овој вид на кибер напад се случува во Велика Британија, можеме да претпоставиме дека ќе бидат нападнати и други земји-членки на НАТО“, рече Елвуд.

Истрагата на Министерството за одбрана досега не покажала дека се украдени некои податоци.

Катовице: Во салата каде попладнево ќе заседава полската влада пронајден апарат за прислушување

Во салата во седиштето на Шлезискиот регион во Катовице, пред попладневната седница на чешката влада, откриен е и демонтиран апарат за прислушување, соопшти портпаролот на министерот координатор на полските безбедносни служби, Јацек Добжињски.

Службата за државна безбедност и Агенцијата за внатрешна безбедност ја демонтирале направата и покрената е истрага за тоа кој ја поставил.

Полската влада попладнево ќе одржи вонредна седница во Катовице бидејќи премиерот Доналд Туск и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се главни гости на меѓународниот економски форум во тој град на југот на Полска.

Владата нема „чувствителни“ теми на дневниот ред на денешната седница, најавено е дека ќе одлучува за помош на граѓаните за плаќање на енергетски производи и предлогот за Законот за дигитални комуникации со кој во полските закони се воведува кодот на Европската унија во таа област.

притисни ентер